Првичната позиција како место на кое сексуалните работнички / работници можат да го наплатат својот мултимедијален труд, полека почнува да се проширува па годинава повеќе меинстрим ѕвезди, по различни основи се закачуваат на ОнлиФанс. КардиБ како дел од промоцијата на спотот за „ВАП“ отвора ОнлиФанс профил на кој наплаќа за пристап до „дополнителни видеа и слики“, а актерот Мајкл Б. Џордан отвора профил за да собира пари во добротворни цели.
Тоа што е многу поважно за ЦЕО-то Тим Стокли е дека годинава ОнлиФанс генерирал над 2 милијарди долари од претплати.
Стокли објаснува дека целта не е да им конкурираат на големите социјални мрежи, туку да им дадат шанса да корисниците да ја наплатат својата публика, без разлика што продаваат, „имаш милион следбеници на Инстаграм, што ако само 1% од нив платат за твојот ОнлиФанс“.
Платформата моментално има над 1 милион креатори и корисничка база од 85 милиони лица, која расте и за по 500.000 нови на ден. Компанијата зема 20% од секоја претплата, па нивниот дел од годинешната продажба е околу 400 милиони долари.
Освен месечните претплати за пристап до содржините, претплатниците за дополнителен „бакшиш“ можат да имаат и личен контакт со креаторите што ги следат, да разменуваат пораки или да нарачаат слики или видеа.
Вака добрата година ОнлиФанс сака да ја унапреди со проширување на бизнисот и да не биде синоним само за порно-индустријата, туку за нив да се врзуваат се повеќе имиња од забавната индустрија или кој и да е што сака да ги наплати своите содржини, повторно потсетувајќи - ако имаш милион следбеници на Инстаграм, што ако само 1% од нив платат за твојот ОнлиФанс.