Минатата недела американскиот NPR и канадскиот CBC, на Твитер добија ознака дека се медиуми финансирани од влада.
CBC се побунија сметајќи го тоа како удар на нивниот медиумски кредибилитет и нафрлија дека помалку од 70% се финансирани од државата.
Маск реагираше итно па на Твитер сметката им напиша дека се „69% финансирани од властите.“
До даљнег, CBC реши да паузира со активности на Твитер а во нивна одбрана застана канадскиот премиер Џастин Трудо, сметајќи го ова како уште еден удар врз канадскитe институции и вредности од страна на американските милијардери.
Од своја страна, НПР дигна раце од Твитер откако добија етикета.