Инстаграм веќе не е само за мобилен

Најпопуларната апликација за фотографии за смартфон, од вчера официјално лансираше и веб профили за сите свои корисници кои ќе бидат достапни на лаптоп и десктоп компјутери.

Страната прилично наликува на Фејсбук профил и ќе може да се користи само за прегледување на своите или туѓи фотографии. Сега за сега преку веб профилот нема да може да се качуваат нови фотографии.

"Вашиот веб профил има избор од вашите неодамна шерувани фотографии, плус може да следите корисници, да коментирате и 'лајкувате' фотографии и да го уредувате вашиот профил преку интернет," стои во соопштението на блогот на Инстаграм.

Адресите на веб профилите се instagram.com/username

На веб профилите им недостасува и можност да провериш кои се луѓе следи некој или да пребараш корисник. Единствена можност што е дадена е да кликнеш на името на корисник, ако тој оставил коментар на некоја слика.

6 ноември 2012 - 09:55