Фејсбук принцовите доаѓаат на хорс

Случајно фатена фотка од еден плавоок и фотогеничен бездомник од Бразил направи дечкото да стане предмет на романтични фантазии и миленик на женската популација на Фејсбук. Вистината, не баш романтична.

На фотографијата е 30 годишниот Рафаел Нунес чиј лик вирално се пренесе на социјалните мрежи откако беше постиран од турист кој го посетил бразилскиот град Куритиба. За само пар дена, портретот на убавиот клошар молневито се рашири низ интернет, првенствено на Фејсбук, каде забележа неколку десетици илјади споделувања.

Нунес е поранешен фото модел кој една година живее како клошар. Ништо романтично во причините за неговото бездомништо, никаков револт кон потрошувачкото општество или лицемерието на модерниот свет. И тој и мајка му признаваат дека неговиот живот и некогаш просперитетната кариера ги изеле дрогите.

Не мора да го разбирате јaзикот за да сфатите колку е дечкото отиден:

Рафаел Нунес во подобрите денови:

 

 

28 октомври 2012 - 00:17