Логиката на Амазон е дека кога веќе постои изграден трговски нема потреба да се гради ново. Обично станува збор за пространи трговски проектирани по мегаломански нарачки (десетици илјади метри квадратни) од времето кога продажбата во физичките продавници уште одлично функционираше.
Друга причина е што трговските се градени стратешки во близина на големи населени места, што ја олеснува испораката и серија други планирања што ги прави компанијата во секојдневното работење.
Работа врши што трговските не се сред град туку во неговата околина, речиси секогаш во близина на автопат, што има сериозно значење за компанија која без престан нешто некому испорачува.
На аргументите во корист на трговските се редат и тоа што до нив вообичаено веќе има воведено директна автобуска линија, што им врши работа на посиромашните работници кои немаа друг начин како да стигнат до работа. Исто така трговскиот веќе има распослано цела инфраструктура од водовод и канализација, до струја, интернет мрежи, покриеност со мобилна мрежа и слично.