Веризон ги продаде Јаху и АОЛ за 5 милијарди долари

Речиси комплетната поддружница за дигитални медиуми на Веризон од понеделникот е во сопственост на Аполо глобал менаџмент.

Цената е повисока од очекуваното, но сепак е помалку од речиси 9-те милијарди долари што Веризон ги плати за двете компании. Веризон во 2015 го купи АОЛ за 4,4 милијарди долари, а во 2017 го купи Јаху за 4,5 милијарди.

Претходно Веризон речиси за беспари се отараси од Хафингтон пост (продаден на Базфид) и Тамблр (продаден на Аутоматик, луѓето што го создадоа Вродпрес).

Според договорот, Веризон ќе задржи 10% во Јаху.

Сегашниот ЦЕО на Веризон, Ханс Вестберг, дојде во компанијата по купувањето на Јаху, и уште тогаш изјави дека сака растот на Веризон да доаѓа од мрежите (интернет, мобилни и сл), а не од создавање содржини.

Првичната намера на Веризон беше да ги искористи медиумите што ги купува за неговите производи и понуди да стигнат до поголема публика, и да бидат медиумски гигант кој ќе им се спротивстави на Гугл и Фејсбук во он-лајн рекламите. Тоа никогаш не се случи, а човекот што го ангажираа да го спроведе планот, по кратко време замина.

Последниот квартал приходите на Веризон од медиумите што ги поседува беа помали отколку во третиот квартал во 2017.

3 мај 2021 - 15:03