Благодарејќи на слабиот долар, ниските цени и уште пониските хипотеки, во периодот од април 2011-та до март 2012-та, странците во САД купиле имот во вредност од 82,5 милијарди долари, што е за 24% повеќе од претходната година.
Како и во цел свет и тука Русите купуваат се што ќе стигнат. Јури Милнер во 2011-та плати 100 милиони долари за вила во Силициумската долина (која според многумина ја преплатил за 100%), додека ќерката на Дмитри Риболовлев купи апартман во Њујорк за 88 милиони долари (откако во 2008-ма потроши 100 милиони долари за палатата на Доналд Трамп во Палм Бич). На почетокот од август, руски купувач даде 47 милиони долари за куќа во Мајами.
Според аналитичарите, Русите го добиваат целиот публицитет бидејќи тие ги бираат "најтрофејните" имоти.
"Ако гледаш по број на купувачи, далеку е поверојатно дека поголем број на активност доаѓа од места како Аргентина, Бразил, Колумбија или Венецуела," објаснува директорот на Prudential Douglas Elliman Real Estate.
Кинезите се далеку пред сите овие, трошејќи околу 7 милијарди долари годишно на американски недвижнини. И покрај ова, број еден купувач во САД е Канада. Канаѓаните, годишно купуваат недвижнини во износ од 15 милијарди долари.