Минатата година, за Денот на Самците, Алибаба имаше продажба од 5,8 милијарди долари, речиси дупло во споредба со 3,1 милијарда долари што ги заработи на овој ден во 2012-та.
За годинава процените се дека Алибаба за празникот ќе ја достигне сумата од 8 милијарди долари.
За денот 11.11 Алибаба дава блесави попусти на се и сешто. Така Самсунг Галакси С5 од 1040 долари е спуштен на 500 долари, Ајпад Мини од 270 е симнат на 200 долари, а добар дел од останатата понуда им е намален и за до 90%.
За денот, Шентонг Експрес, која ги испорачува онлајн нарачките од Алибаба, минатата година ангажираше околу 45.000 привремени работници, како засилување на веќе постојните 150.000 вработени.