Џек Ма:
Пред да ја основам АлиБаба, поканив 24 пријатели кај мене дома за да разговараме за бизнисот. По 2 часа дискусија тие уште беа збунети - морам да кажам дека тогаш можеби и не бев најјасен. Резултат: 23 од 24 луѓе во собата ми рекоа да се откажам, и тоа од повеќе причини, како: не знаеш ништо за интернетот, и уште поважно, немаш почетен капитал за ова, итн, итн.
Имаше само еден пријател (кој тогаш работеше во банка) кој ми рече "Ако сакаш да го направиш ова, тогаш обиди се. Ако работите не успеат како што очекуваш, секогаш можеш да се откажеш и да се вратиш на тоа што претходно го правеше." Цела вечер размислував што ми кажаа, и до следното утро, одлучив дека сепак ќе го направам ова, и покрај тоа што сите беа против идејата.
Кога прв пат ја започнав АлиБаба, одма наидов на силно противење од семејството и пријателите. Гледајќи наназад, сфатив дека најголемата водечка сила за мене не беше мојата доверба во интернетот и потенцијалот што тој го имаше, туку повеќе се работеше за тоа што "Без разлика што еден човек ќе направи, без разлика на неуспехот и успехот, самото искуство е форма на успех." Мора да продолжиш да се обидуваш, и ако ова не успее секогаш може да се вратиш на она што претходно го правеше.
Луѓето губат во животот заради 4 причини:
1. кратковиди се за шансите што им се нудат
2. ги потценуваат шансите што ги добиваат
3. недостаток на разбирање
4. не реагираат доволно брзо
Сиромашен си затоа што немаш амбиција.