Јогата нема место во животот на Христијаните, одлучи управата на ГПЦ, а интервенцијата на црквата следува откако грчките медиуми препорачале вежбање јога како начин за справување со стресот во време на карантин.
„Јогата е клучен столб на хинду религијата... а не ’вид на физичка вежба’,“ стои во изјавата од грчкиот Синод.
Освен на потенцијалните јогаши, Синодот им се обратил и на сите владици и свештенство од понизок ранг да се воздржат од посетување на настани организирани од Ротари и Лајонс клубови, бидејќи како членови на клубовите тие „рецитираат молитви кои се упатени кон Господ без никаква деноминација и не се во согласност со нашата христијанска вера.“
Претходно ГПЦ беше критикувана заради тврдењето дека причестување, од ист сад како што традиционално се прави, нема да придонесе за ширење на коронавирусот.
Некаде околу 90% од Грците се идентификуваат како православни.