Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.
На политичари им текнало да менуваат буква од името на едно село. Од Вертег во Фертег, и тоа со прилично добра причина - во велшкиот јазик не постои буквата "в". Ги сослушале локалците и - се откажале од идејата.
Има само 16 години и веќе го споредуваат со Герет Бејл. Талентираниот фудбалер на Ливерпул, Хари Вилсон кој настапува за селекцијата на Велс за играчи до 17 години доби повик од селекторот Крис Колман за утрешниот квалификацискиот дуел против Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација конечно стигна до втор триумф на квалификациите за Мундијалот во Бразил. Со головите на Иван Тричковски и Александар Трајковски избраниците на Чедомир Јаневски триумфираа со 2:1 и направија важен исчекор во борбата за третото место.
На чело со најскапиот фудбалер на денешницата кој пред само неколку дена го засили „Кралскиот клуб", селекцијата на Велс вечерва од 19 часот ни гостува на арената „Филип Втори" во рамките на квалификациите за Мундијалот кои одамна се за нас завршени.
Жените и спортот понекогаш тешко одат заедно особено во ваков случај кога ќе забремени речиси половина тим и ќе ги остави на цедило колешките кои не можат сами да постасаат со работа.
Во оваа тешка неделна вечер место да броите кој колку гласови добил во борбата за градоначалнички места, броите ги мајсторските потези на овој Велшанец кој е граден да биде сумо борач, а ги знае финтите на Роналдињо.
По вчерашните резултати во нашата група, Хрватска и Белгија се веќе со една нога на Мундијалот во Бразил. Хрватите ја потврдија фаворитската улога против Србија, а Велс ја изненади Шкотска и изби на третата позиција на табелата.
Брус Дикинсон планира да изгради голем авијатичарски центар во Јужен Велс со кој ќе се отворат нови 1.000 работни места. Брус Дикинсон? Да, да, од Iron Maiden.