Таг: валенсија

Роналдо и Меси учете од детево

Се вика Фернандо Каго, има 20 години и игра за вториот тим на Валенсија. Голманот го изработи како бавча со само еден маестрален потег.

Ел класико на 8-ми ноември, Барса против Билбао 3 пати за помалку од 10 дена

Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.

Ја спаси со нога, каде што голман не може со рака

Младинскиов фудбалер на Валенсија треба да добие орден за потегов.

Како кралевите паднаа во Валенсија?

Агресивниот пресинг на половината на противникот беше клучна стратегија на Нуно Еспирито Санто во големиот триумф на „лилјаците" со кој Реал Мадрид ја заврши непобедливата серија.

Бетмен ја скара Валенсија со ДС Комикс

Американската компанија која од 1939-та година ги црта стриповите на познатиот супер херој, Бетмен, одлучи да го тужи шпанскиот прволигаш, поради логото кое Валенсија го користи од 1919.

Ревашачка ноќ за финале во Торино

Фудбалерите на Бенфика и Севиља со предност од првите средби ќе патуваат на реванш дуелите од Лигата на Европа. На Италијанците им треба минимален триумф, додека тимот на Валенсија ќе брка негатива од два гола.

Бенфика го сруши Јуве

Првиот португалско-италијански шампионски дуел го добија фудбалерите на Бенфика, но со ветувачки резултат за Јувентус. На вториот полуфинален дуел од Лига Европа, Севиља славеше очекувана победа над Валенсија.

Скудето и Лига Европа во иста година е тешко остварливо

Најголемиот императив оваа сезона за Бенфика и Јувентус е освојувањето на двојната круна, но само една од овие две екипи ќе оди во финале и ќе има можност да биде помеѓу ретките екипи кои во еден тежок и згуснат модерен распоред се радувале на двата пехари.

Прва полуфинална рунда за виза во Торино

„Старата дама“ финалето на домашен терен ќе го брка преку Лисабон каде му гостува на тазе португалскиот шампион. Со големи мотиви кај Севиља се очекува да отпатува и Валенсија која четвртфиналната фаза ја мина во голем стил со пресврт и петарда во мрежата на Базел.

Четвртфинална решавачка ноќ во Лига Европа

Фудбалерите на Валенсија ја имаат најтешката задача на вечерашните реванш средби, а тоа е да станат првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 3:0 во ова натпреварување. Јувентус, Порто и Бенфика се со минимална предност.

Екс претседателот на Валенсија уапсен поради киднапирање

Хуан Солер е осомничен дека плаќал за да го киднапираат неговиот наследник кој го презеде шпанскиот прволигаш пред 5 години.

Уште еден имитатор на Блажевски

Не дека фудбалерот на Турново, Дејан Блажевски е еден од ретките кои успеал да постигне гол со ножички, но не паметиме кога друг пат играч во македонско првенство направил таква мајсторија. Затоа и следниов јунак кој збрца таков погодок го споредуваме со наш Дејан, а ни доаѓа од младинскиот погон на Валенсија.

Поштига и Коне во ист стил

Елдер Поштига од Валенсија на натпреварот против Барселона и Панајотис Коне од Болоња на мечот против Сампдорија постигнаа исти голчишта.

Јувентус и ПСЖ очекувано во четвртфиналето

На вечерашните два осминафиналните дуели од Лигата на шампионите, фаворитите само го потврдија пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи. ПСЖ ремизираше 1:1 на „Паркот на принцовите“, а „Старата дама“ славеше и во вториот дуел против Селтик овој пак со 2:0.

ПСЖ и Јуве со една нога во четвртфинале

Лидерите од француското и италијанското првенство обезбедија значајни гостински победи на првите дуели и драстично ја намалија неизвесноста во втората осминафинална рунда во ЛШ. Валенсија има негатива од 2:1, а Селтик ќе ја брка големата предност на Јуве од 3:0.

Јуве и ПСЖ блиску до четвртфинале

Екипите на Селтик и Валенсија се покажаа како многу добри домаќини и им дозволија на Јувентус и ПСЖ да ги напуштат нивните стадиони со целиот плен, а италијанскиот шампион веќе можеме да го прогласиме и за четвртфиналист во Лигата на шампиони.

Конечно Лига на Шампиони

Она што со големо нетрпение го очекуваа сите љубители на фудбалот, по пауза од точно 68 дена се враќа на големата европска сцена. Како вовед на утрешната дерби пресметка помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, вечерва на програмата се два искучително неизвесни дуела.

Атракција на гол линијата

22 годишниот Тано Бонин кој е член на Б составот на Валенсија, успеа на досега невиден начин да го спаси својот гол.

 

Голчиштето на Рами од пола терен

Валенсија го победи третолигашот Љагостера во рамките на шпанскиот куп со 3:1, а голот на вечерта го постигна Адил Рами кој го совлада противничкиот голман со удар од 50 метри.

Голеада во Мадрид, пресврт во Лисабон

Екипата на Атлетико Мадрид со 4:2 ја победи Валенсија на првиот натпревар од шпанското полуфинале во Лига Европа, а Спортинг Лисабон со пресврт го совлада Атлетик Билбао со 2:1.