Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.
Еден од најдобрите фудбалери во англиското првенство и повремен капитен на шампионот Манчестер Сити вели дека ни самиот не може да сфати како успеал да се справи со тешкиот товар кој животот му го ставил на раменици.
Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.
Во последното коло од ЛШ изгубија Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Рома и Јувентус, екипи кои обезбедија учество во следната рунда па можеа да си дозволат порази. „Кралевите“ декласирани дома од ЦСКА Москва.
Од шест натпревари синоќа во ЛШ предвидени да почнат во 21, само Манчестер Јунајтед - Валенсија доцнеше со почеток затоа што Мурињо и екипата стигнале многу доцна на стадионот поради гужви во сообраќајот низ градот.
Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.
Најлегендарниот навивач на светот кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и десет Светски првенства, се расплакал што Русите му забраниле да влегува на трибини со својот сопатник, тапанот, па ФИФА морала да реагира.
После години и години, Валенсија сезонава е на прав пат со врвниот тренер Марселино и со Италијанецот Симоне Ѕаѕа во нападот. Викендов со 2:0 ја победија Севиља но триумфот како да остана во сенка на глупоста на овој вториот кој лошо исценира фаул.
На 17 февруари 2013-та година пред скоро точно 5 години, Луис Суарез му намести дебитантски гол на Кутињо за Ливерпул. Вчера Уругваецот пак му асистираше на Бразилецот, овој пат на Местаља во друг дрес. Кутињо само што влезе во игра даде гол.
Во најдобрите денови од кариерата во Валенсија, легендарниот Шпанец често одел на журки каде што другар му пуштал музика но за да не го познаат во клубовите, ставал капа, наочари и застанувал зад пултот. Никој не можел да го препознае.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
Контроверзниот судија којшто му поништи чист гол на Меси на дуелот Валенсија - Барселона на Местаља (топката три метри во голот), сега му го зема скалпот и на Тенерифе откако го свирна најкриминалниот пенал во сезоната.
Не престануваат реакциите за големиот скандал кој се случи на мечот меѓу Валенсија и Барселона, особено затоа што поништениот гол можеше да биде клучен за три бода на Каталонскиот тим. Една кладилница во Англија реши да биде фер спрема сите.
На дербито на колото во Ла Лига меѓу лидерот Барселона и второпласираната Валенсија во првиот дел немаше голови. Главен виновник за тоа е судијата кој му поништи чист гол како солза на Меси. Во Шпанија нема ВАР, а ова е срамота да не го види ниту еден од судиите.
Италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа во само неколку месеци помина пат од дното на врвот. Самиот искрено признава дека ако не паднеш никогаш нема да знаеш како е горе. Се препороди во шпанска Валенсија каде дава голови како машина.
Македонскиот репрезентативец не е опасен само од слободни удари, а тоа го покажа на денешниот натпревар од 4. коло во Ла Лига. Откако фудбалерите на Валенсија поведоа по половина час игра, на четири минути до паузата Барди одлично се снајде во шеснаесетник и на мајсторски начин го матираше Нето за 1:1.
После победата на Барселона против Валенсија 4:2, англискиот новинар Стив Футерман од каналот CBS задремал на пресот кој го држел Луис Енрике. Тренерот на Барса се насмеал и прашал: ’Толку ли сум досаден’?
Колку е вешт, Унаи Емери покажал кога на еден свој фудбалер му дал празно це-де после тренинг. Утредента го прашал дали го изгледал, а играчот му рекол ’Да мистер, неверојатна тактика’. Француските коментатори го критикуваа, но вчера ги затна.
Хектор Раул Купер е познат аргентински тренер кој во кариерата (тренерска) изгуби шест финалиња а во онаа играчката изгубил четири финалиња. Нема поголем малер меѓу тренерите.
Првиот ред од доминото во Валенсија падна кога милијардерот од Сингапур, Питер Лим ја прекрши првата заповед на богатите газди на спортски клубови: ’Немој да влегуваш во микроменаџмент и да купуваш клуб ако не си способен за тоа’.
Комплиментите на адреса на одбраната на Атлетико Мадрид не чудат веќе никого - последната година екипата на Диего Симеоне е на врвот на елитата во Европа по совршената одбрана. Сега даваат и многу голови и се пред Реал и Барса на табелата.
Како мал бил буцко и сакал да дрибла како Пеле, Гаринча и Ромарио, но другарите му се смееле поради што се вратил на голот. Против Атлетико фати два пенали и стана рекордер по одбранети единаестерци во шпанската Примера. Суеверен е и секогаш оди со медалјонот од Пресвета Богородица.