Откако не успеа да се пласира во 1/8 финалето од ЛШ, во случај да се пласира во групната фаза од ЛЕ, Тотенхем ќе бара дозвола од УЕФА да се врати во својот дом кој го напуштија поради реконструкција и се преселија на Вембли.
Хуго Лорис освен што синоќа на дуелот со Монако му одбрани пенал на Фалкао во првото полувреме, покажа рефлекс кој ретко се случува на таа дистанца од играчот кој шутира.
Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.
Од најелитните места во светот, Емануел Адебајор во моментов тренира во својот Того и игра фудбал со другари по прашливите терени. Тоа го правело среќен затоа што му помагал на својот народ кој го сака повеќе од претседателот на државата.
Иако мислевме дека Џиџи Буфон е херојот меѓу голманите во првата ноќ од третото коло во ЛШ, сепак во исто друштво влегува и Иго Лорис. Чуварот на голот на Тотенхем е најзаслужен што Чичарито не го реши мечот, а покрај неговата феноменална одбрана, на помош се појави и гол технологијата.
Не, не е Северна Кореа. Најдобриот Јужно-корејски фудбалер во моментов, Сон Хјунг Мин доби понуда од Тотенхем за нов договор, но за да го потпише ќе мора да го реши повикот од Јужна Кореа да служи војска, во спротивно би имал проблем во татковината.
Во согласност со нивната (не)активност на трансфер пазарот, The Sun направи рапсодија од тоа како навивачите на најголемите премиерлигашки клубови на шанк нарачуваат пиво.
За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.
Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.
Тимот од Вајт Харт Лејн месецов и официјално ќе објави детали од договорот со Фудбалската асоцијација на Англија за користење на стадионот Вембли за домашните средби во сезоната 2017/2018.
И Американците ја пренесоа атмосферата од прославата на новиот шампион во Премиер лигата, но репортерот на ЕСПН првак на Англија го направи вториот на табела.
Фудбалерите на Тотенхем синоќа имаа 0:2 на Стемфорд Бриџ со кои теоретски ќе останеа во игра за титулата, но лондонското дерби полно со тензија на заврши 2:2, а Вилијан кој лани ја славеше шампионската титула ги испровоцира гостинските навивачи.
Под водство на често оспоруваниот италијански стручњак Клаудио Раниери, а предводени од до сезонава анонимните Канте, Варди и Махрез, Лестер стана 24. шампион на Англија. Титулата им ја донесе најслабиот играч на Челси сезонава, Еден Азар со неверојатен гол против Тотенхем во 83. минута од мечот. Тоа беше прв гол на Азар на домашен терен после 365 дена. Последен пат даде гол кога славеа титула лани против Кристал Палас.
Доколку вечерва мечот Челси - Тотенхем има било каков исход освен победа на гостите, нов историски шампион во Премиер лигата ќе стане Лестер. И покрај тоа, тренерот на Лисиците, стариот лисец Клаудио Раниери нема мечот да го гледа во живо на Стемфорд Бриџ.
Иако му е рано за буквар, читанка или било каков вид на книга, Рајан Вест веќе го положи првиот испит за верен навивач. Малиот на 3 години ги знае сите играчи на Тотенхем и по број на дрес и по име. Знае кои седат и во стручен штаб, а кажа и третиот голман.
Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.
Да најдеш фудбалер кој е на платен список во Премиер лигата кој изјавува дека фудбалот не му е ништо посебно, копачки нарачува од интернет и често разговара и се дружи со луѓето во маало, се случува еднаш на 100 години.
Екипа која по 29 кола во Премиер лигата има само 4 порази, се наоѓа на 5 бода до лидерот и се бори за титула не може да си дозволи вакво нешто. Фудбалерите на Почетино синоќа имале само едно додавање во шеснаесетникот на Борусија Дортмунд која победи 3:0.
Фудбалерите на Тотенхем беа фаворити против Свонси за зачувување на врвот на табелата, но на полувреме губеа и потоа се мачеа за пресврт. Тие што ја гледале и ја чекале кец, сигурно го колнеле Лукас Фабијански.
Нема агент, не користи социјални мрежи. 24 часа е опседнат со фудбалот и е спремен до последен момент да се бори за титулата во Премиер лигата каде заостанува само два бода зад лидерот. Маурицио Почетино.