Тотенхем никогаш не бил “чисто еврејски“ клуб како што го сметаат. Да, во северен Лондон секогаш имало голема еврејска дијаспора и многу мигранти коишто тука стигнале на почетокот на ХХ век од Источна Европа, навивале за тој клуб, но не поради некоја еврејска идентичност, туку едноставно поради местото на живеење.
Пред Втората светска војна британските фашисти почнале да го викаат Тотенхем ’расно неверен клуб’ поради што навивачите на Тотенхем од сите националности застанале во заштита на својот клуб и самите себе. Така настанала и легендарната парола „We are the Yids“ која била одговор на анти-семитските скандирања на навивачите на Челси и другите клубови. Yids е назив за Евреите кои понекогаш може да има и навредлива конотација но навивачите на овој клуб сметаат дека заедно ги претпреле сите напади во најтешките времиња за клубот и се гордеат со своето заедништво, па редовно пејат We are the Yids.
Еврејскиот идентитет на Тотенхем не е толку од некоја про-националност колку што е од самата комуна, навивачкото единство и уважување на историјата и традицијата (својствени на Евреите).
Токму викендов, при гостувањето кај Лестер, навивачите на Челси пееја анти-семитска песна во која, ни крив ни должен го споменуваат нивниот напаѓач Алваро Мората: “Alvaro, wooah, Alvaro, woooah, he came from Real Madrid, he f-----g hates the yids". Поради тоа управата на Челси излезе со соопштение во кое се оградува од таквите скандирања и ги замолува своите навивачи да престанат со навредливи песни на сметка на религија, нација или вера.
Лондон е познат по тоа што во градот има многу фудбалски клубови и ретко кој навива истовремено за два клуба - на пример да навива за Брентфорд и за некој премиерлигаш. Исто така не се точни тврдењата дека еврејската дијаспора во Северен Лондон навива за Тотенхем, затоа што околу 5% од Евреите во Северен Лондон навиваат за Арсенал, лутиот ривал на „Спарси“.
Интересно, во Северен Лондон е базата на помал фудбалски клуб Maccabi London Lions FC којшто игра во 10-та дивизија. Сите фудбалери на овој клуб се Евреи па многумина ги поврзуваат со Тотенхем.