Таг: торино

Кој е чичкото што ќе ја води Италија во Скопје?

Со скромно портфолио зад себе, Џампјеро Вентура на 68 години го досонува сонот и стана селектор на Аѕурите. Важи за мачо мен кој има либерални сфаќања и не знае да фрла шишиња вода во соблекувалната. Се ожени летово за 28 години помлада жена.

Џо Харт прозборе италијански, ќе го биде

Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.

Британски фудбалер во Италија како Германец во шпанско село

Фудбалерите од Островот не секогаш играа важна улога во Серија А, така што голманот на Англија Џо Харт ќе има голема задача во земјата каде навивачите знаат да бидат многу разгалени. Конечно некој да го сака Џо Харт. Откако Пеп реши дека за него нема место во тимот, голманот на англиската репрезентација го пречекаа стотици навивачи во Торино во вторникот.

Ечи Џо Харт во Торино

Најголемо изненадување во овој летен период за трансфери без конкуренција е зделката меѓу Манчестер Сити и Торино. На Гвардиола не му треба голманот на англиската репрезентација, а на Михајловиќ ептен ќе му се најде. Се работи за позајмица на една година. Торино ќе му плаќа 55.000 фунти неделно, а остатокот до 130.000 колку што му е плата, се обврска на Сити. Навивачите очекувано се во делириум.

Моќно претставување на играчите на Јуве пред мечот

Со НБА шоу, Јувентус реши да ја отвори сезоната и првото коло со Фиорентина. Играчите беа најавувани спектакуларно.

Бепе Марота - од кабинер во Варезе до директор во Јувентус

Во потрага по младиот Марота, Џанлука ди Марцио открива тивко момче кое по своја волја станува кабинер во нисколигашот Варезе и напредува до претседател на овој клуб за чие испаѓање ќе плаче затворен во соблекувалната.

Треба ли Погба да го менува берберот?

Со текот на времето, Французинот кој стана лидер на Јувентус го остава светот во исчекување на неколку нешта: нови голови, нови титули, мегатрансфер во Реал или Барселона и нова луда фризура. Ова последново најчесто се случува.

Како еден гест сруши одлична кариера

Живееше во сенка на неговиот презимењак Роберто, но тоа не го засени да стане еден од најголемите фудбалери на Италија кој три пати го освои Купот на УЕФА и стрелаше на Мундијалот во САД ’94. Се побуни против системот и ја загуби битката со големците.

Третолигашот кој го разведри италијанскиот фудбал

Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.

13 години без Адвокатот

Беше човек со необична моќ, која во Италија се опишуваше преку една анегдота. Папата држел миса на плоштадот Свети Петар, кога едно дете низ гужвата ги прашало своите родители: Кој е оној човек со бела капа кој стои до господин Ањели?

Голот на Пинтуричио пред 21 година

Кога локален лист од Фиренца направил анкета за тоа кој е најубавиот гол што го примила нивната Фиорентина, 90% од испитаниците изјавиле дека тоа е погодокот на Алесандро Дел Пјеро на 4 декември 1994. година на Деле Алпи. Малиот Моцарт како што го викаа Алекс тогаш имаше 21 година.

Јуве се збогува со архитектите на успехот

По пет титули по ред во Италија, 36-годишниот маестро Андреа Пирло одлучи да ја заврши кариерата во Америка и да ужива во платата од осум милиони долари годишно. Заминува и Карлитос кој се враќа на Бомбонера.

Историјата на Јуве низ цртан филм

Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.

Во серија А денеска се случи ова

Торино и Емполи играат заостанат меч во италијанското фудбалско првенство на кој голманот на домаќините во 3 минута направи потег поради кој нема два дена да заспие.

Тежок живот редарски

Неделното дерби Торино - Јувентус го обезбедувале 400 редари, ангажирани од домаќинот и приморани да ја работат работата на полицијата за 30 евра. Има многу инциденти за кои ги обвинуваат нив, а не полицијата.

Лош пречек за Јуве пред Олимпико

Клупскот автобус на Јувентус бил нападнат пред градската битка со Торино, од која Бјанконерите излегоа поразени 2-1. Тоа беше прв триумф на Биковите над Јувентус после цели 20 години.

Славата и трагичниот крај на прогонетиот евреин од Торино

„Гранде Торино“ кој го носи ова име од 50-те години, тогаш почна да ги испишува првите големи рекорди во италијанскиот фудбал. Дел од таа генерација беше еден познат тренер кој не успеал два пати да преживее пекол.

Торино ја шокираше Баскија, Ливерпул на колена

Фудбалерите на Евертон ја спасија честа на англиските екипи во Лига Европа, откако Бешикташ на пенали го елиминираше Ливерпул, а Фиорентина го исфрли Тотенхем. Атлетико Билбао доби шамар од Торино, а Интер со минимален резултат го мина Селтик. 

Сан Мамеш е табу тема за Италијанците

Стадионот во Билбао важи за еден од храмовите на европскиот фудбал. Во реванш натпревар од 1/16 финале на ЛЕ, вечерва таму ќе гостува Торино со кој Баскијците на првата средба одиграа 2:2.

Првиот црнец што даде гол за Атлетик Билбао

Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.

Фудбалер на Торино против тероризмот

Мароканецот Ел Кадури од Торино денес на Твитер постираше слика преку која се обиде да покаже дека луѓето треба да ја сфатат разликата меѓу религијата и теророт.

Тргнале во Шведска, а Торино играл на Олимпико

Неколку навивачи на италијанскиот фудбалски клуб ја оплескале работата, откако прерано резервирале авионски карти за Стокхолм, град во кој биковите гостуваа пред една недела.

63 години од трагедијата на „Гранде Торино“

На денешен ден пред 63 години се случи најголемата трагедија во историјата на италијанскиот фудбал. Во авионска несреќа загинаа сите фудбалери на неверојатната генерација на фудбалскиот клуб Торино која освои пет титули во серија.