Зборуваме за Венус, постарата сестра која е на 26 место на ВТА листата. На турнирот во Монтреал против Германката Анжелика Кербер, запна и одигра “машки“ поен, за кој доби аплауз и од противничката.
Белиот спорт е единствен по тоа што првото место на ранг листата многу тешко се чува. Во борбата за опстанок на челните позиции се бранат поени, трофеи и турнири.
Турнирот во Станфорд (САД), како загревање на УС Опен донесе промени во женскиот тенис каде на местото на Викторија Азаренка, во друштво на најдобрите 10 тенисерки во светот ќе се врати српската убавица.
Легендата Џон Мекинро изгледа не може да се помири дека тој одамна е повлечен од тениските терени а неговите архи-непријатели се сè уште таму. Па предлага судиите комплетно да бидат одстранети од тенисот. Еве како го замислува тој тоа.
За вакви луѓе освен „офсајд лик“ на сајтов треба да воведеме и категорија „шупак на денот“, а организаторите на Ролан Гарос да му изречат доживотна забрана за пристап.
Едни од најубавите тенисерки на денешницата, Марија Шарапова и Ежени Бушар ќе се сретнат во полуфиналето на Ролан Гарос. Мечот ќе се одигра 12 години по нивната прва средба.
Освен што треба да (пре)пишуваат извештаи за натпревари кои не ги гледале, новинарите понекогаш треба и да изгледаат по некој спортски настан. Или барем да го знаат резултатот. Ако не, барем да знаат кој победил.
Најдобриот српски тенисер пред неколку години имаше падови во кариерата, но откако му открија дека е алергичен на глутен, ја смени исхраната и стигна до врвот. Неговите нови проблеми сега ги решава познат светски хирург кој патува со него на турнирите.
На врвните тениски имиња не им е толку зорт за пари ако не им тргне на турнирите. Освен Серена Вилијамс, сите останати на оваа листа џебовите минатата година си го наполните повеќе од реклами. Федерер лани освои само еден турнир, но од маркетингот ќарил 20 пати повеќе.
Веќе го отпишавме и почнавме да го предвидуваме крајот на ерата на Федерер, но тој на најдобар начин не демантираше и докажа дека никогаш не се предава. А за тоа има и доказ со еден неверојатен статистички податок.
Таа сè уште нема освоено ниту еден голем турнир, но тениската ѕвезда во подем Ежени Бушар се очекува да биде следното најголемо маркетинг лице во женскиот спорт.
Станислас Вавринка го изненади светот со триумфот на Гренд слем турнирот во Австралија, а неговиот успех се темели на психолошкиот пристап вграден од неговиот тренер, како и мотивацијата од една тетоважа.
Првиот тениски Гренд слем турнир во годината ни приреди многу возбудувања, големи изненадувања, но и повеќе смешни моменти. Ова се најинтересните случувања од Отвореното првенство на Австралија.
Швајцарецот Станислав Вавринка го совлада рекетот број 1 во светот во финалето од Австралија опен со 3:1 и со тоа стигна до првата титула во најважните турнири. Овој голем триумф му носи високото трето место на АТП листата.
Поранешниот тенисер број 1 во светот имаше тешка и малерозна година со многу порази, но на првиот турнир во 2014 покажа заби и по долго време стигна до едно полуфинале. Клучот на неговиот кам бек се должи на новиот рекет.
Новата сезона во тенис почна да се игра како во сауна. Натпреварувачите се онесвестуваат и предвреме се откажуваат поради високите температури кои одат над 40 степени. Од Грен слем турнирот во Мелбурн за оваа година веќе се простија осум тенисери уште во првото коло.
Освојувачот на Отвореното првенство на САД од 2009-та година, Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро има сериозни проблеми со опремата. Му останаа само уште два тениски рекети во екот на Гренд слем турнирот во Австралија.
Тенисот важи за многу елитен спорт кој не може секој да си го дозволи и меѓу актерите на теренот, но и меѓу публиката каде често гледаме богати фаци. Затоа АТП најавува дека идната година повеќе ќе ги мотивира помалите играчи кои понекогаш се и зијан од турнирите.
Во дуелот помеѓу најатрактивните тенисери на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал и ја одбрани титулата на завршниот турнир во Лондон.
Организаторите на Гренд слем турнирот во Австралија го зголемија наградниот фонд на рекордни 31 милиони долари и очекуваат најдобрите 100 тенисери и тенисерки да настапат на турнирот во 2014-та година.