Во стилот „Слога тепа Вардар, Вардар тепа Звезда, Слога светски шампион", Серена Вилијамс ги има победено сите машки и женси тениски легенди во последните години затоа што како деца го победила Енди Родик.
Јелена Ристиќ, девојката на Новак Ѓоковиќ е најстрастен тениски фан. На секој натпревар ќе ја забележите на трибините како навива, плаче, се нервира, вика или се смее.
Ништо не те спасува кога за противник ја имаш Серена Вилијамс. Американката ја растури Франческа Скиавоне со 6:1 6:0, па таа мораше да се утеши со прегратка од еден од момците кои ги собираат топчињата.
На тениските терени често гледаме удари од меѓу нозе, но овој пат Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со ваков удар успеа да го лобува и да му земе поен на Николај Давиденко.
Најдобрата француска тенисерка и актуелен носител на титулата од Вимблдон, 28 годишната Марион Бартоли го шокираше тенискиот свет и реши да стави крај на својата кариера.
Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но еден гест со девојка која се излечила од рак, докажува дека тој е еден од најхуманите спортисти и голем човек пред сè.
Веќе е клише да се вели дека никогаш не смееме да го отпишеме Роџер Федерер, но со последните негови настапи тој само ги потврдува предвидувањата дека се ближи крајот на ерата на 31-годишниот тенисер.
Организаторите на турнирот во Гштад решија да му се заблагодарат за учеството на Роџер Федер со еден подарок - крава. Ова не е прва крава која тие му ја подаруваат.
Семуел Грот кој е познат како сопственикот на рекордниот сервис од 263 километри на час, се прослави и со еден неверојатен удар кој влегува во конкуренција за поен на годината.
Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како Вимблгедон заради раната елиминација на многу носители, шампиони и поранешни рекети број 1, но и по добрите мечеви. Ова се најдобрите моменти од овогодишното издание на Вимблдон.
Британците се толку среќни што по пауза од 77 години еден нивни тенисер го освои Вимблдон, па кладилниците од островот решија да ги частат оние кои во финалето се кладеле на Ѓоковиќ и изгубија пари.
Оваа година тревата во Вимблдон имаше важна улога на Гренд слем турнирот затоа што многу тенисери се пожалија дека нејзината состојба е причината за нивните лизгања, повреди и откажувања.
Енди Мареј на почетокот од неговата кариера бегал од куршумите на лудакот кој убил 17 деца во неговото училиште. 17 години подоцна тој го победи најдобриот тенисер на светот и по 77 години стана првиот Британец со триумф на Вимблдон.
Шкотскиот тенисер блесна на финалната пресметка на најпрестижниот тениски турнир. Енди Мареј беше далеку подобар противник од Ѓоковиќ и успеа да слави со 3:0.
Јержи Јанович е новиот хит на Вимблдон. Пред само 18 месеци тој не настапи на Австралија Опен затоа што немал пари за авионска карта, а Полјаците од Њујорк му купиле патики за настап на УС Опен. Сега тој игра во полуфиналето на Вимблдон.
Убавицата Сабине Лисицки која стана сензација на Вимблдон, до пред некое време губела на натпреварите кои се играат на тревнати подлоги затоа што е алергична на трева. Енергичната Германка има проблем и со својот темперамент и менува тренери како чорапи.
Што ли се случува со овогодинешното издание на Гренд слем турнирот во Вимблдон? По Федерер, Надал, Азаренка, Шарапова... турнирот го напушти и шампионката Серена Вилијамс.
Португалката Де Брито непријатно ја изненади Марија Шарапова и ја елиминираше на Вимблдон. Но тие водеа уште една “војна“ на теренот, која може повеќе да ги оглуви гледачите. По ова видео ќе заклучите дека Шарапова не е повеќе „кралица на стенкањето".
Марија Шарапова важи за „кралица на стенкањето" и нејзините извици се измерени на 101 децибел, но и противничката која ја елиминираше, Мишел Лашер де Брито не е многу потивка.
Третиот ден на Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе остане запаметен како еден од најлудите денови во тениската историја. Дури 7 поранешни светски прворангирани тенисери и тенисерки го напуштија турнирот.
Холанѓанката Аранча Рус ја започна кариерата како што секој спортист би посакал, но поранешната јуниорска тенисерка број 1 стана најголем лузер израмнувајќи го антирекордот за најголем број на порази во серија.
Најстариот и најпрестижен тениски турнир кој за прв пат се одржал во Лондон во 1877 година стартува денеска со 127 издание. Тој е еден од четирите Грен слем турнири кои се уште се играат на трева, има посебен дрес код за тенисерите кои мора да бидат облечени во бело, а гледачите традиционално јадат јагоди.
Гаел Монфис редовно не изненадува со неговите атрактивни потези, но овој пат тој се надмина себеси. Оваа лудорија го чинеше поен, потоа го загуби и сетот, а на крајот беше и поразен од Томи Хас на турнирот во Хале.