Таг: тенис

Надал го “збриша“ Ферер и испиша историја

Шпанскиот тениски ас многу лесно во три сета го совлада својот сонародник Давид Ферер на финалната пресметка на Роланд Гарос во Париз и со тоа стана првиот тенисер во историјата кој успел да освои еден ист Гренд слем турнир 8 пати.

Шпанско финале на Ролан Гарос

Давид Ферер е вториот финалист на Ролан Гарос. Шпанецот си закажа финале против сонародникот Надал откако извојува лесна победа над Французинот Жо-Вилфред Цонга.

Тениските легенди некогаш и денес

Ноле, Федерер, Надал, сестрите Вилијамс, Курникова... доминираат во тенисот во последната декада, но не многу одамна, некои други тениски легенди ги рушеа Гренд слем рекордите и ги поставуваа стандардите во светскиот тенис. Еве како тие изгледаат денес.

Коленото на Надал

Анализата на играта на Рафаел Надал покажува дека неговиот стил на игра и бекхенд удар со две раце создаваат голем притисок на повреденото колено заради кое паузираше 7 месеци.

Мемоарите на еден катиљ човек

Автобиографијата на еден од најславните тенисери во историјата на овој и-не-толку-бел спорт потврдува. Дека тој не бил несфатен, туку едноставно - кретен.

Вимблдон го зголеми наградниот фонд

Учесниците на Гренд слем турнирот во Вимблдон ќе добијат за скоро 10 милиони долари повеќе од минатата година.

Ролан Гарос ќе менува правила за да се избегнат Ѓоковиќ и Надал

Челниците на тенискиот турнир во Париз размислуваат да го искористат правото за промена на правилата на извлекувањето за да се избегне дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал во четвртфиналето.

Поен на годината

Агњешка Радвањска во четвртфиналето на турнирот во Мајами го изведе најдобриот повратен удар во женскиот тенис во 2013. Кирстен Флипкенс не можеше да поверува дека го загуби поенот на овој начин, а овој поен беше и пресвртница на натпреварот по кој Радвањска се избори за полуфинале против Серена Вилијамс.

Марино во пензија заради сајбер малтретирање

Канадската тенисерка Ребека Марино која стигна до 38-та позиција на ВТА листата, замина во пензија на само 22 години затоа што не можела да ги поднесе критиките на интернет.

Федерер зема пауза

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.

Ѓоковиќ триумфираше во Австралија и влезе во историјата

Светскиот тенисер број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Отвореното првенство на Австралија го победи Шкотланѓанецот Енди Мареј и ја освои својата шеста титула од Гренд слем турнирите и стана првиот тенисер кој три пати по ред триумфира во Мелбурн.

Најдоброто од светот на тенисот

Вчера ги видовме 10-те пинг-понг мајстории, па редно е денес да ги прикажеме и најдобрите поени од светот на тенисот во 2012-та година.

Газда Ноле

Колку и да не го сакате Новак Ѓоковиќ, мора да признаете дека дечкото има харизма и тешко кој може да му одолее на неговиот шарм. Овие бразилски девојки се согласуваат со тоа.

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Лондон

Србинот Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната со трофеј од Мастерс турнирот во Лондон откако во финалето го победи Роџер Федерер во два сета.

„Малиот ѕвер“ од шкафот за тениски топчиња

Во раните 90-ти едно надежно тенисерче имало проблем со мотивацијата, па неговиот тренер му одржал лекција заклучувајќи го во шкаф за чување топчиња. Тоа дете прерасна во врвен тенисер кој вчера го освои Мастерсот во Париз.

Најзгодни тенисерки за кои не сте слушнале

Ана Ивановиќ, Марија Шарапова, Ана Курникова, Марија Кириленко... долга е листата на згодни тенисерки за кои сите сте слушнале и сигурно сте се изнагледале нивни слики и клипчиња. Но во светот на тенисот постојат и помалку познати убавици.

Мајсторијата на Ноле

Новак Ѓоковиќ спаси пет меч топки и го доби го доби маратонското финале против Енди Мареј на турнирот во Шангај. Ѓоковиќ победи со 5:7, 7:6(11), 6:3, а пресвртот во вториот сет го најави со еден од најубавите поени одигран на тениски меч.

Ѓоковиќ прв по заработка

Новак Ѓоковиќ го загуби лидерското место на АТП листата, но и натаму е прв според заработка во 2012-та година. Оваа година тој има заработено 700.000 долари повеќе од моментално првиот светски рекет, Роџер Федерер.

Гангам Ноле

"Gangam style"-манијата го зафати и Новак Ѓоковиќ па тој ги покажа своите „шоуменски" способности и пред публиката на турнирот во Тајван.

Разлика помеѓу шкотски и медитерански дочек

Британците сонуваа за Гренд слем трофеј цели 76 години и конечно го дочекаа откако Енди Мареј победи на УС Опен, но не му се израдуваа премногу.

Конечно Гренд слем титула за Енди Мареј

По пет часовна борба во финалето на тенискиот турнир УС Опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 и го освои својот прв Гренд слем трофеј во кариерата.

Четврти триумф на Серена на УС Опен

Американката Серена Вилијамс на своето 30. Грен Смел финале го освои и 15. трофеј откако по четврти пат триумфираше на УС Опен со победата од 6:2, 2:6, 7:5 над Викторија Азаренка.

Емотивното збогување на Енди Родик

По 609 победи и 32 титули, поранешниот светски рекет број 1, Енди Родик ја заврши својата богата кариера со елиминацијата од УС Опен. Нема потреба од повеќе најава, само земете си марамчиња пред да го пуштите видеото.

Верверичка на УС опен

Зачестија животните на спортските терени. Вчера го имавме кучето Шарко на фудбалски натпревар, а денес и верверичката Ципирипи влета на терен за време на тениски натпревар на отвореното првентсво во САД.