И покрај тоа што неодамна изјави дека ќе изгуби ако игра против Енди Мареј, најдобрата тенисерка на светот тврди дека ги има победено сите големи тениски имиња од последниов век.
Во интересно интервју со пензионираниот Енди Родик, Серена ја извади теоријата дека со тоа што го има победено Родик додека биле во основно школо, таа може да каже дека ги има поразено сите тенисери кои што изгубиле од Родик во неговата професионална кариера.
„Сум го победила Роџер Федерер затоа што те победив тебе, сум го победила Рафаел Надал, сум го победила Пит Сампрас. Сум ги победила сите затоа што те имам победено тебе", се пошегува Серена.
Родик имал 10, а Серена имала 11 години кога тие двајца се пресметале на натпревар во Флорида. Според нејзината теорија, таа го има победено Енди Родик кој го победил Пит Сампрас кој го победил Џими Конорс кој го победил Панчо Гонзалез кој го победил Дон Баџ кој го победил Боби Ригс кој ја победил Маргарет Корт („Битката на половите) која ја има победено Били Џин Кинг која ја има победено Крис Еверт која ја има победено Штефи Граф која ја има победено Венус Вилијамс која ја има победено Серена Вилијамс. Тоа значи дека Серена ги има победено сите можни тенисери и тенисерки и самата себеси.