Најдобриот шпански тенисер не учествуваше на Мастерс турнирите во Монтреал и Синсинати, а официјално соопшти дека нема да биде дел ниту на последниот Грен слем турнир за годинава кој се игра во САД.
27 годишниот Надал се повреди на 29 јули откако тренираше во неговиот дом во Мајорка. Докторите му ја врзаа раката со завој која мораше да ја носи помеѓу две и три недели, а тој се надеваше дека ќе заздрави и ќе учествува на Грен слемот.
„Се надевам дека ќе разберете дека ова е тежок момент за мене бидејќи ова е еден од моите омилени турнири каде имав неколку одлични моменти со навивачите. Морам да ја прифатам оваа ситуација и како и секогаш ќе мора макотрпно ќе работам за повторно да можам да се натпреварувам на највисоко ниво“, стои во неговото соопштение
По Австралија опен минатата година ова е неговиот прв Грем слем турнир на кој нема да биде во можност да настапи.
Надал се наоѓа на втората позиција на АТП листата со 2.100 бодови помалку од Новак Ѓоковиќ. Поради отсуството на двата мастерса кои се играа минатиот месец загуби 2.000 поени, а титулата која нема да биде во можност да ја брани во Њујорк ќе го скуси со уште 2.000 поени како и најверојатно пад на третата позиција.