Гренд слем турнирот во Австралија по втор пат го руши рекордот за награден фонд за само две години. Откако тенисерите се заканија со бојкот заради ниските награди, организаторите во 2013-та го зголемија фондот за четири милиони австралиски долари, а за следната година истиот ќе биде поголем за уште три милиони и ќе изнесува 33 милиони австралиски долари (31 милиони американски долари).
Организаторите очекуваат настап на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Серена Вилијамс и Марија Шарапова, а првиот човек на турнирот изјави дека е посебно среќен за враќањето на Рафаел Надал.
Специјален гостин на турнирот ќе биде Пит Сампрас кој ќе го прослави јубилејот од 20 години по освојувањето на неговата прва титула на Австралија опен.
Гренд слем турнирот во Австралија ќе започне на 13 јануари и ќе трае до 26 јануари 2014-та година.