Таг: тенис

Овој пак скрена, ама повеќе од претходниот пат

И да победува и да губи, Ник Кирјос паметот секако го губи. Нов турнир, нови испади на Австралиецот со грчко потекло на кој веќе не знаеме кај ќе му биде крајот со вакво дилетантско однесување.

Од Монтреал 2019 ова беше најјако

Рафа Надал го освои Мастерсот 1000 во Канада откако со 6:0 и 6:3 го совлада Медведев, но ние би се вратиле на четвртфиналето против Фоњини. Италијанско-шпанска работа на која би уживал и човек што не прати тенис. Мама миа.

Остај ја бе глуп, два метри е во аут

Тие што играле или играат серва во маало, сигурно го искусиле ова. Топката оди апла во аут, а ти ја фаќаш инстинктивно или намерно за да не трчаш по нејзе, па потоа расправии чиј е поенот. Во професионален спорт ова не сме го виделе до сега.

Ти психички проблеми? Не бе, грешка си нешто

Во новата епизода од серијалот наречен Ник Кирјос имаме нова до сега невидена глупоштина, бидејќи само тој го може тоа, ама и едно признание од негова страна кое делува сосема логично. Додуше две.

Ретко добра идеја за награда на тениски турнир во Хамбург

Ако некој го гледал финалето на АТП турнирот 500 во Хамбург, сигурно се изненадил од необичната награда која му ја доделија на победникот. Има интересна позадина целиот муабет.

Серена вс. кауч тенисери

Неодамнешна анкета во Британија покажува дека 12% од британските мажјаци (веројатно истите се силат и дека „па јас од тука би дал гол“ во Премиер лига) се под впечаток дека можат да ѝ земат поен на Серена Вилијамс. Како што ќе забележиш од овие кутриве примероци кои успеале себе си доволно да се охрабрат за да излезат на терен против Серена, прво треба да и вратиш серва за да и земеш поен.

Која перверзија е апартманот на Ѓоковиќ во Мајами бич

Се потеше 5 часа за да го освои најпрестижниот тениски турнир во светот, ама кога ќе видите каде ќе се рехабилитира од тој страшен напор и стрес, ќе мислите за Доналд Трамп се работи.

За една епска тениска класика на Вимблдон која ќе се повтори по 11 години

За некои ова е најјакиот натпревар во историјата на тенисот меѓу две легенди кои пак сметаат дека го створија најголемото тениско ривалство евр. Ова нивното беше неповторлива битка и единствена по многу основи.

Koга авангардниот композитор Шенберг смислил симболи за тениски натпревари

Љубовта кон тенисот се врзува за голем број уметници, особено за писатели: Набоков, Дејвид Фостер Валас, Мартин Амис, чии дела содржат елоквентни мисли поврзани со тенисот. Но помеѓу оние инспирирани од играта има и композитори.

Роџер е шампион и во тенис и на интервјуа

Две и пол минути во срцето на тенисот со 8 кратниот освојувач на Вимблдон кој е тука и на скоро 38 години кои ќе ги наполни на 8 август. Колку голем спортист е, а колку е едноставен и непосреден. Прави скроз релаксиран муабет, како да нема камера пред него и во фаца му се гледа дека нема чалам без разлика што помести граници во овој спорт. 

Навикнати сме на чудни резултати 40:15, 30:40 во тенис, ама од каде потекнуваат?

Тешко дека постои човек што кога првпат во животот гледал тениски меч, од прва го сфатил броењето на поените. Толку е просто што е толку сложено.

Овој Кирјос стварно бил голем цреп

Помина само еден ден откако во интервју со дете сакаше да се направи интересен дека не го познава Новак Ѓоковиќ и ете го денеска пак по насловни, како прави циркузи, омаловажува судии и фрла рекети.

Шарапова смета дека нејзиниот раст е резултат на Чернобил

Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.

Што ќе кажат Федерер и Ѓоковиќ на ова?

Не дека двајцата светски тениски мајстори не измислија и направија чудесии од поени, ама можеби можат да поднаучат нешто и од помладите. Еди Гутерез има 22 години и игра за универзитетска лига во САД. Зарем ќе се дрзне некој да не му аплаудира за потегов?

Федерер си игра мајтап со противниците и на 37 години

Швајцарскиот ас се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мајами откако на Кевин Андресон му дозволи да освои само 4 гема (6:0, 6:4). Погледнете што изрежира во една ситуација, октопод. Како се поднасмеа на крај, како и на него да не му се веруваше што направи.

Тимур Дибиров во тенис

Ѓоковиќ има 15 Грен слем титули, Надал 17, Федерер 20. Ако трофеите случајно не им се повеќе предизвик, еве им нека го вежбаат ова. Фасцинантен потег и поен на Американецот Денис Новиков.

Јутјуберот кој го елиминира Федерер и стигна до полуфинале на Австралија Опен

Како мал во школо бил многу повлечен поради што другите деца го сметале за чуден и го задевале. Тоа многу му сметало, а десетина години подоцна тој важи за најдобриот млад тенисер на светот кој пожртвувано собираше средства за помош на настраданите од големите пожари во Грција минатото лето.

Енди Мареј низ солзи кажа дека се повлекува од тенисот

Поради сериозни проблеми со повредите кои го спречуваат нормално да функционира не само на тениските терени туку и во секојдневниот живот, Шкотланѓанецот, некогаш број еден светски тенисер, најави дека во скоро време ќе стави крај на кариерата поради страшни болки.

Децата задолжени за тениски топчиња се спасуваат од испотените пешкири

Ај што секнат нос, бришат крв и пот, ама има и тенисери и тенисерки кои се суеверни па немој да те натера ѓаволот да им го изместиш пешкирот, дури тогаш ќе кренат хистерија.

Како Ѓоковиќ го најави ривалството со Федерер

Со оглед на тоа што и двајцата се над 30, штета што нема уште долго да уживаме во нивните меѓусебни битки кои беа епски низ годиниве. Имаме видео од првата победа на Новак по која за Роџер ништо повеќе нема да биде лесно и едноставно.

Ѓоковиќ е роден и за тенис и за шоу

Тениските турнири на кои учествува Србинот не се интересни само кога топчето е во игра. Со него е секогаш забавно и зад сцената. Еден од славните фацки кои му честитаа за триумфот на УС опен беше актерот од филмот „300“ Џерард Батлер со кои се пријатели. Еве што правеа заедно.

Џентлменска и пријателска утеха на Ѓоковиќ

По падот проследен со повреди, Новак Ѓоковиќ годинава се врати во форма и повторно се издигна на посакуваните тениски височини. Ги освои Вимблдон, Синсинати, а синоќа и УС Опен по трет пат во својата кариера.

Ноле ќе ме извиниш ама морам да се пресоблечам

Во тешки временски услови, Новак Ѓоковиќ го совлада Џон Милман со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе се сретне со Нишикори. Новак призна дека било прежешко и дека рекетот му се лизгал од раце, а Австралиецот кој го изненади Федерер во четвртфинале денеска е хит број 1 со видеото кое се рашири.

На кој му е до тенис на УС Опен по 27-часовен прелет на 16.000 км

А некој ќе типува на него во обложувалница без претходно да знае дека дечкото 27 часа непрекинато се возел во авион и сменил којзнае колку зони и клими.