Роџер е шампион и во тенис и на интервјуа

Две и пол минути во срцето на тенисот со 8 кратниот освојувач на Вимблдон кој е тука и на скоро 38 години кои ќе ги наполни на 8 август. Колку голем спортист е, а колку е едноставен и непосреден. Прави скроз релаксиран муабет, како да нема камера пред него и во фаца му се гледа дека нема чалам без разлика што помести граници во овој спорт. 

Сфатил дека е добар кога во 2001-ва го победил Пит Сампрас на Вимблдон, на 12 години бил собирач на топки, а зависник е од чоколадо. 

3 јули 2019 - 11:47