Многу глупости направи Австралиецот со грчко потекло за 24 години живот. На турнирот во Квинс го совлада Роберт Карбалес Баена со 2:0, но влезе во клинч со судијата кој го обвини дека го наместил мечот и тоа со валкан јазик.
„Дали ебено се шегушаш со мене? Топчето падна во аут. Ја си одитов, нема шанси да давам 100% од себе кога имам линиски судија кој мести меч. Не сакам да играм“.
Nick Kyrgios to the umpire at Queen's:
— bet365_aus (@bet365_aus) June 20, 2019
"That was out. You have one job."
"Also your hat is ridiculous, it's not even sunny. Why are you wearing it?"
😬 pic.twitter.com/4a0RgmHLbu
Потоа продолжил:
„Што ќе ти е капа кога нема сонце. Смешно ти стои“.
Судијата му дал усна опомена по што Кирјос се предомислил и го продолжил натпреварот. Штета што нема видео од таа вербална расправија, ама затоа има од неговиот аматерски однос кога во пауза меѓу гемовите си гледал друг меч.
И тоа не е сè. Потоа во осминафинале загуби од 18 годишниот Канаѓанец Феликс Алиасем, а потегот на крај му беше мизерија. Го фрли рекетот преку публика и најлабаво си застана да потпишува автограми. Каква дилајла.