Најконтроверзниот тенисер на денешницата се натпреварува на Вашингтон опен каде се пласираше во осминафиналето откако со 6:4 и 7:6 го совлада 11-от рекет на АТП, Французинот Жил Симон.
Ама како и да одигра, што и да направи резултатски, не може без да живее без скандал овој човек. Во еден момент толку се изнервирал поради судиска одлука, што рекетот го направил пепел, а на крај одбил да се ракува со делителот на правдата.
И сега тука следува најнејасниот дел. Зошто еден таков неупотреблив рекет му го даде на дете од публика? Со селотејп да не го лепи?
Might want to go with a higher tension?
— Tennis TV (@TennisTV) July 31, 2019
🤔🤔#CO19 pic.twitter.com/0opGlCx8yg
Ама па и што друго да очекуваш од спортист кој прво признава дека:
„Јас не сум најпрофесионален. Еден ден тренирам, па другиот ден не. Имам многу забава и знам дека не трошам многу време на тренинзи. Немам ни тренер, а не поминувам долго време ниту на фитнес. Ми се допаѓа начинот на кој ги правам работите. На крајот на денот, тоа е тенис човече. Зарем е толку важен? За мене не е најважен. Во моментов не мислам дека можам да се залагам за Гренд слем“, вели брутално искрениот Австралиец.
И второ:
„Не играв многу тенис во последно време, минував низ некои психички проблеми, но среќен сум поради победата“.
Кирјос ја почна годината како 35-ти тенисер на АТП, но поради слаби резултати падна на 52-ра позиција.
Па на крај краева подобро да го подари скршен, отколку да му дупне глава на некој.