Навивачите на Барселона поминаа низ бурно лето, па никој не знаеше каков однос ќе има Меси после турбулентните месеци, каков ќе биде нападот без Суарез, ќе седи ли Куман на клупа во првото коло против Виљараел кој го води Унаи Емери итн.
Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Откако Баерн Минхен ги изудира со 8:2 и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата, на луѓето од Барселона не им остана ништо друго освен да го избркаат Кике Сетиен и да побараат негов наследник. Го најдоа во Роналд Куман. Навивачите се скептици.
Сарагоса, која долго време беше трета во Сегунда, имаше можност да избори пласман во финалето на плејофот и да се бори за враќање во богатата Ла Лига. На гости одиграа 0-0 со Елче а синоќа изгубија дома. Примија гол во 81' минута, ама моментот на мечот го имаше Хави Рос во 87' минута кога можеше да го врати својот тим на почетната позиција. И глејте што направи:
Фали Хименез е стопер, главен играч во одбраната на новиот шпански прволигаш Кадиз. Тој е еден од ретките кои се декларира како Ром во шпанскиот фудбал и вели дека е горд на своето минато. „Имам 26 години а се чувствувам како 35-годишен.
Од 2006-та година, кога испадна од Примера, Кадиз се давеше меѓу втора и трета шпанска лига. Сега конечно дојде време, после 14 години одново да уживаат во дражта на најдоброто шпанско друштво. Важат за луда екипа со луди навивачи.
Шпанија и натаму е затворена за туристи од многу земји, а на шпанските стадиони веќе некое време се игра фудбал без публика. Само едно симпатично клубче има поддршка, од околните тераси.
Мечот Севиља - Еибар на „Рамон Санчез Писхуан“ го затвори 34. коло во шпанската Ла Лига. Со голот на Лукас Окампос во 56' минута домаќинот славеше со 1-0, ама најлуд момент на мечот беше кога токму Окампос застана на голот наместо повредениотТомаш Вацлик кога Сеивља немаше право на измени.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
Реал Мадрид го задржа првото место во Ла Лига откако синоќа со 2:0 ја совлада Мајорка. Во последните две кола победничките голови ги даде капитенот и штопер Серхио Рамос кој урна неколку рекорди.
При резултат 0-0 на мечот против Атлетик Билбао, во 69' минута Лионел Меси многу опасно стартуваше над Јерај Алварез, штоперот на гостите, ама ниту судијата реагираше ниту од ВАР собата му сугерираа да погледне видео снимка. За ваков старт неизбежно се дава црвен картон.
Реал Мадрид со 3-0 убедливо ја победи Валенсија и ја продолжи трката за титулата со Барселона. На гостите од „Местаља“ во првиот дел им беше поништен гол при резултат 0-0, а после Бензема и Асенсио ги докрајчија. Овој првиот даде преубав гол, а вториот после прв контакт со топка откако влезе во игра.
Конечно после долго време пауза, на голема врата се враќаат најдобрите европски фудбалски лиги, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во дерби средби.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
По крајот од мечот Алавес - Виљареал 1:2, еден од малубројните гостински навивачи неочекувано доби дрес од домашниот фудбалер Лукас Перез. Ликот стоеше збунет и во неверување зошто баш него му го фрлил.
Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.
Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Голманот на Мајорка 5 пати ја вадеше топката од својата мрежа. Лионел Меси со 3 убави гола и нов хет-трик ја прослави Златната топка, ама моментот на вечерта го „украде“ Уругваецот.
На својот Инстаграм профил на кој го следат 38 милиони луѓе од цел свет, Златан најави нешто интересно. Веројатно ќе следува наскоро во јануарскиот преоден рок.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.
Барса ја совлада Севиља откако после почетниот притисок домаќинот се ослободи и во рок од 20-ина минути постигна три гола. Суарез со ножички, Видал после интересна комбинација, Дембеле од лево крило со десна во подалечниот агол, а Меси од слободен го затвори мечот.