Поранешниот капитен на Барселона неодамна ги посети спортските центри на Милан, Јуве и Интер, а тие треба да учат од неговиот профил на Твитер, како се привлекуваат фанови.
Во јануари 2011. година преодниот рок во Европа се затвораше и нероаѕурите ја привршуваа позајмицата на Јапонецот од Чезена. Да стигне на време, Нагатомо тргнал со мотор за Милано.
Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.
Новиот напаѓач на Меаца е уште еден од низата германски фудбалери кои го облекле дресот на миланскиот клуб. Месецов тој стана првиот Германец кој го засилил Интер, по 22 години.
Шампионот на Италија го замолкна и Сан Паоло во Неапол, а Наполитанците веднаш по мечот распалија по судиите, за кого велат дека му помагаат на торинскиот клуб во борбата за титулата.
Предвидувањата ги прави италијанскиот портал marte.com врз база на хумор, малку глупирање, можни реални и нереални случувања, а вметнува и научна фантастика како на пример војна меѓу Џон Конор и судии терминатори кои ќе летаат со дрон.
Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.
Натпреварите од италијанското фудбалско првенство привлекуваат сè помалку навивачи на стадионите. Статистиката покажува најголем пад на гледаноста во последните пет години од 11,4%.
За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.
Спортскиот сајт WeTalkFootball преку 15-минутно видео направи ретроспектива на големите настани што се случија во фудбалскиот свет годинава. Изборот е направен според најтвитаните случувања од јануари до декември 2014. година.
Во сабота од 20:45 Милан игра дерби со Рома во Рим. Ако досегашната сезона е некаков предзнак за навивачите на Милан (тие што останаа) најдобар дел ќе бидат снимките од претходните натпревари. Еве една таква колекција на најдобрите потези на Милан во Рим.
По повлекувањето на Томазо Гирарди, последнопласираниот тим во Серија А вчера и официјално доби нови сопственици, предводени од Албанец со италијански пасош, Пијетро Дока. Зад новото раководство стои руско-кипарска нафтена компанија која ќе треба да ги врати долговите на Парма.
Наполитанците минатата година се одлучија за календар со згодни, разголени девојки, а годинава тргнаа по некој друг пат. Игуаин, Хамшик, Маџо и компанија се сликаа како антички војници за потребите на новиот календар за 2015. година. Промоцијата е на 18. декември.
Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.
Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.
Дербито на колото во Серија А помина со три пенали, три црвени картони и тепачка. Потоа продолжи со трето полувреме пред камерите. Тоти изјави дека сите три голови на Јуве им биле нерегуларни и дека секогаш победуваат така, а тренерот на Рома Руди Гарсија рече дека шеснаесетникот бил 17 метри.
Цената на влезниците, инфраструктурата и пред сè (не)квалитетниот фудбал се причините поради кои одредени стадиони во најдобрите европски лиги се преполни, а некои се прозеваат празни.
Минатата година повеќе од половина играчи (52,7%) во италијанските клубови беа странци, а годинава фудбал на Апенините ќе играат уште 60 нови играчи кои дојдоа од други лиги. Повратници во прволигашкото друштво се Емполи, Палермо и Чезена.
Мексиканецот Рафаел Маркез е последниот во низата ветерани кои следната сезона ќе играат во италијанската Серија А. Тој во Верона ќе му се придружи на 37 годишниот Лука Тони.
Потпретседателот на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио ја даде најконтроверзната расистичка изјава овие денови на чизмата. Но уште полошо е што тој добива поддршка и има големи шанси да го победи Деметрио Албертини во трката за шеф на италијанскиот фудбал.
Во новата сезона 2014/15 во Серија А, од вкупно 20 тренери, најмлад е Страмачони, најтрофеен Бенитез, најстар Земан, а дебитираат Пипо Инзаги со Милан и Маурицио Сари со Емполи. За сега се потврдени 15 стратези кои ќе стартуваат на 31 август.
Само месец дена е паузата меѓу крајот на Светското и почетокот на топ 5 националните првенства кои ги чекаме со душа. Завесата први ја креваат Германците на средината од август, а ние ви ги издвојуваме дерби пресметките за кои треба да бидете укотвени пред Тв.
Петицата на Лукарели и Паласио, ножичките на Коне и Флоренци, лобот на Пјаниќ, бомбите на Балотели и Погба. Викендов беше спуштена завесата во италијанскиот фудбалски шампионат, а од 1035-те постигнати голови, погледнете ги најдобрите 10.
На еден месец до стартот на Светското фудбалско првенство, секој ден по некој селектор го обелоденува составот со кој ќе патува во Бразил. Скајспорт си направи свој тим од 11 играчи од италијанското првенство кои ќе настапат ова лето и кои би биле идеална екипа.