Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.
Како што на времето постоеше анегдота дека Синиша Михајловиќ има страшно силен шут поради тоа што наводно правел по 2.000 стомачни сабајлечки, така и денес се плетат разни анегдоти околу стомачните на Кристијано Роналдо.
Легендарниот Алберт Морган станал гардеробер (кабинер) во Јунајтед во 1996 година - тогаш Бекам стана суперѕвезда, Фергусон го купи Солскер, а Норман Дејвис, првиот гардеробер задолжен за дресови во историјата на Манчестер, заминал во пензија.
Што, ќе ми водите само 1:0 со Виган? Абе има да трчате сè додека не ги наполните па макар јазикот ви паднал до пупак. Тоа беше Манчестер Јунајтед, прво го гледаш Сколс како брка пресинг во напад, а по некоја секунда се вратил да покрие во одбрана. Сега главна преокупација во тимот е кавгата меѓу Мурињо и Погба за некое си видео што го постирал на Инстаграм.
Како гром одекна веста дека најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед добил излив на крвотокот во мозокот и бил итно реанимиран. После неколку месеци рехабилитација се врати на местото каде најмногу сака да биде. Меѓу своите.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.
Добри вести пристигнаа утрово од островот, а тоа е дека Ферги се разбудил од кома по операцијата и дека правел муабет со семејството. На овој ден пред точно 5 години тој ја донесе веројатно најтешката одлука во животот.
Светската фудбалска јавност се обедини во пораките за поддршка на еден од најголемите на сите времиња - сер Алекс Фергусон кој вчера имал мозочен удар и веднаш бил префрлен во болница и опериран.
Пред големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал во неделата попладне, двете легенди кои ги обележаа претходните децении се сретнаа на „Олд Трафорд“. Французинот доби големи овации од ривалските навивачи.
Во минатото „црвените ѓаволи“ имаа не баш малку капитени со силен, цврст карактер. Таков лидер денес нема во екипата која сезонава ја предводеа шест различни капитени.
Единствениот пат кога славниот Шкот тренирал репрезентација било во 1985-та година кога тогашниот селектор на Шкотска починал на сред меч и останале без предводник.
За еден сер Алекс Фергусон да му се обрати на Мурињо и да му препорача дете, за него уште голобрад да се борат Шкотска и Англија, тогаш стварно треба да си бисер каков што е Скот Мектоминеј - новиот миленик на навивачите на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед синоќа ја одбележа 60 годишнината од авионската несреќа на клубот, а камерите уловија еден доста интересен момент во кој не беше центар на внимание ни Златан ни Погба, туку Скот Мектоминеј. 21 годишниот играч од среден ред сезонава доби само четири шанси од Мурињо, а стариот изгледа во него гледа голем потенцијал. Внимавајте само како му го посочи со прстот.
Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.
Меѓу другите многу смеење предизвикаа и оние: „Дајте ми десет дрва и Зинедин Зидан и ќе ја освојам Лигата на шампионите“ или „Хајнце е толку груб што би влегол во дуел и со баба му“.
Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...
Ако Донарума е зелен и не сфаќа што значи лојалност кон еден клуб, може слободно да го преслуша ова кусо видео во кое Сер Алекс Фергусон со една проста реченица кажува зошто морал да заборави на симболот на Милан.
Доминацијата на Реал и Барса во Шпанија не е ништо во споредба со тоа што се случува во шкотското фудбалско првенство, каде само ако си навивач на Селтик или Глазгов Ренџерс ќе знаеш што значи освојување на титула. Така е барем три децении.
На 12 мај 2013-та година докторот за фудбал по име Сер Алекс Фергусон за последен пат стапна на Олд Трафорд како тренер. Си замина по одиграни 1.500 натпревари и освоени 38 трофеи. Последниот поздрав до него беше организаиран на спектакуларен начин. Не се раѓа негов наследник во наредни 100 години. Ова се моменти за ежење.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.
Во 2011-та Рејвел Морисон бил ѕвезда во младинците на Јунајтед и човек поради кого Фергусон не го приметувал Погба. Французинот сега вреди 90 милиони фунти а Рејвел игра во втора лига. Зошто?
Дете од мало место во карипската земја Тринидад и Тобаго стана најомилениот напаѓач на секој навивач на Манчестер Јунајтед и најзаслужен за тројната круна на овој клуб во 1999. Сепак пороците кои ги носат славата и парите не го одбегнаа и него па се скара со Фергусон.