Што го спречило Фергусон да тргне по Малдини

Ако Донарума е зелен и не сфаќа што значи лојалност кон еден клуб, може слободно да го преслуша ова кусо видео во кое Сер Алекс Фергусон со една проста реченица кажува зошто морал да заборави на симболот на Милан.

Во 25 години кариера, Паоло Малдини никогаш не го довел во прашање она чувство за морал, должност, лојалност и етика кои го прават една од најголемите фудбалски легенди.
 
Зборуваме за икона на Милан чиј дрес го носеше од 1984-та до 2009-та и на кој му ги донсе сите можни трофеи на национално и меѓународно ниво.
 
Легендарниот италијански дефанзивец освои 7 Скудета и 5 Европски титули со Милан и е рекордер со 647 настапи во Серија А.
 
Ил Капитано со овие бројки и врвните квалитети кои ги поседуваше, привлекуваше внимание кај еден куп големи екипи, а не остана рамнодушен ниту Фергусон кој на Олд Трафорд донесе врвни фудбалски имиња, ама никогаш не успеа да го купи Малдини.
 
Тој за разлика од многу други играчи никогаш не ја изневери првата и единствена фудбалска љубов наречена Милан. Зошто? Шкотскиот стратег неодамна објасни со една реченица кој беше всушност Паоло Малдини и тоа пред него.

27 јуни 2017 - 10:08