Фергусон се врати на Олд Трафорд после 5 месеци и доби овации

Како гром одекна веста дека најтрофејниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед добил излив на крвотокот во мозокот и бил итно реанимиран. После неколку месеци рехабилитација се врати на местото каде најмногу сака да биде. Меѓу своите.

Сер Алекс Фергусон се врати во свечената ложа на „Олд Трафорд“ по тешката операција и сложената рехабилитација: во месец мај годинава Фергусон го хоспитализираа со крвоизлевање во мозокот, тој бил во кома и 4 дена се борел за живот на реанимација.

Јавноста долго време беше исплашена затоа што статистиката велеше дека 56% од случаите преживуваат после таква дијагноза. Во јуни летово Фергусон го пуштиле на домашно лекување а тој сними видео обраќање во кое вети дека ќе се врати на родниот стадион.

Во саботата на 15 минути пред почетокот на мечот со Вулверхемптон (1:1), спикерот на клубот го најави присуството на најголемиот човек во својата клупска историја - Ферги не се симна на теренот туку се појави од еден од влезовите на трибините, им мавташе на гледачите и се врати во своето место во ложата.

Уште пред да се појави пред гледачите на „Олд Трафорд“ Сер Алекс (англиските медиуми велат дека воопшто не е изменет) дал изјава:

„Очигледно е дека зад мене е долг пат, но се движам напред и правам тоа што ми го кажуваат лекарите и син ми. Малку сум нервозен затоа што последен пат бев овде уште во април на мечот со Арсенал - веќе одамна беше. Не се пропушта ова! Ова е притисок, ние знаевме како со новинарите и нивните глупи прашања. Мило ми е што се вратив на стедион и ќе биде емотивно. Ми требаше прав одмор и право време пред да се вратам. На стадионот има и некои од лекарите од болницата кои добија покана да бидат лични гости и особено ми е драго поради тоа“, емотивно рекол Шкотланѓанецот кој изгледал добро.


24 септември 2018 - 12:49