Трогателната средба меѓу Венгер и Алекс Фергусон

Пред големото дерби Манчестер Јунајтед - Арсенал во неделата попладне, двете легенди кои ги обележаа претходните децении се сретнаа на „Олд Трафорд“. Французинот доби големи овации од ривалските навивачи.

Арсен Венгер на крајот од сезоната ќе го напушти клубот после 22 години на клупата на тимот од северен Лондон. Уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата и речиси е извесно дека ова беше последен негов натпревар како тренер против Манчестер Јунајтед.

Венгер кога излезе од подтрибинскиот простор беше во друштво на Жозе Мурињо со кого неодамна јавно се смирија по жестоката расправија пред неколку сезони.

Двајцата на терен ги пречека сер Алекс Фергусон. Шкотланѓанецот пропратен со овации од публиката му додели на Венгер не баш мал подарок - голем прекрасен изгравиран пехар.

Тројцата најмоќни тренери во историјата на Премиер лигата: вкупно имаат 19 титули:

Простувањето од театарот “Олд Трафорд“ не помина баш најдобро за Венгер затоа што Арсенал изгуби 2:1 со гол во судиското продолжение.