На последните 7 средби во Серија А, Рома загуби од Торино, Јуве, Аталанта и Сампдорија, а одигра реми со Сасуоло и Интер, плус нерешениот резултат на заостанатиот меч со Сампдорија. Ќе смрзнат ако продолжат вака.
Фудбалерите на Рома треба да жалат што си заминаа поразени од гостувањето против Јуве со 1:0. Судијата Паоло Таљавенто продолжи 5 минути, а во третата, Патрик Шик излезе очи во очи со Шчесни и ја загуби битката. Вакво нешто не се промашува на дерби меч.
Резултатот меѓу Киево и Рома 0:0 викендов беше изненадување за многу играчи во кладилница кои типуваа на гостите како фаворити. Вистинската пречка беше да се совлада домашниот голман на кој му е глупо што заебал еден дечко на кој сака да му се оддолжи.
Искусниот бек на Србија, Александар Коларов игра како препороден откако се врати во Рим. Решава натпревари сам со бомби од слободен удар, асистира, а знае и да ги прави мајмуни шампионите од Англија кои синоќа беа изгубени на Олимпико.
Фудбалерите на Рома славеа 4:1 на пријателска средба против бразилскиот тим, а честитките на сите актери на терен отидоа кај Алан Рушел кој по гостувањето на Камп Ноу, имаше незаборавна ноќ на Олимпико.
За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.
Легендите на Реал Мадрид и Рома одиграа химанитарен натпревар на Сантијаго Бернабеу. Луис Фиго и Мориентес се во форма форма, а Ил Феномено едвај се движеше од дебелина.
Со помош на жена му Илари, Франческо Тоти напиша писмо со кое ги стопи срцата на 80.000 навивачи на Рома кои го слушаа и плачеа додека го чита. Рече дека ако не успее ќе го дочита ќерка му, но капитенот издржа машки 12 минути, можеби најтешките во неговиот живот.
На Бјанконерите им треба само една победа во последните две кола за да ја заверат шестата титула по ред, но следниот противник со кој се среќаваат нема загубено натпревар во Серија А од 19 март.
Иако на прва грозната слика до самиот колосеум изгледаше дека е изум на навивачите на Рома како еден вид закана кон своите играчи кои доживееа двоен дебакл во градското дерби, сепак тие не се сторителите.
"Еден совет без да се навредите....спијте со запалено светло", им порачаа навивачите на фудбалерите на Рома кои се бесни по нивниот двоен неуспех во римското дерби оваа сезона.
Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.
10 април 2007-ма е историски ден за Манчестер Јунајтед и Рома, а нај најсеирџиски за навивачите Лацио. Првите ги исплескаа вториве како мали деца, а третиве и 10 години од тогаш се ситат.
Кога на аеродромот Фјумичино во Рим ќе слета нов играч на Лацио или Рома го добива првиот совет кој гласи вака: Прави што ќе правиш сезонава и ако сакаш загуби ги сите натпревари само тепај на дерби. По сега видете колку е големо ривалството меѓу овие две екипи.
Навивачите на Рома и Лацио се соочуваа со еден доста идиотски потег на трибините кои за нив се светост, па властите во Италија конечно попуштија и со тоа допринесоа реваншот во полуфиналето на Купот на Италија да блеска со навивачки кореографии.
На првиот меч од 27. коло од Серија А на навивачите на Олимпико во Рим им застана здивот од 93-та минута откако Рома испушти златна прилика за 2:2. Во тоа ги спречи одличниот Реина кој на топка со сменет правец реагираше маестрално. Со оваа победа Наполи се доближи на два бода до второпласираната Рома.
Овие деца немаа настава во четврток наутро, бидејќи тоа беше ден по победата на Лацио против Рома, а учителката е хард кор навивачка на Лацио, му се допаѓало тоа на некој или не во нејзиниот клас.
Во исполнетата Курва Норд каде беа сместени навивачите на Лацио, синоќа имаше и еден Бразилец кој има освоено два италијански Купови и две Скудета. Но овој пат се појави како страствен навивач. Слика која ретко се гледа во фудбалот.
Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.
Клаудио Каниџа е култен херој на Аргентина познат по белиот прав и другарството со Марадона. И да победува и да губи неговиот тим, никој не можеше да го извади од диско, па дури ни Вујадин Бошков.
Мечот меѓу Лацио и Рома не е меч како сите други. Тоа е градско дерби на вечните ривали од Рим кои бијат битки на Олимписко скоро еден век. Страствен навивач знае да рече: Што сакате направите на другите натпревари, само победете на дербито. Во недела, 15:00 часот е закажана нивната 145 пресметка во Серија А. Играчите на Лацио во еден дел од тренингот не трепкаа и гледаа во водачот на Иридучибили.
Рома славеше убедливо со 4:1 против Виторија Плзен, а публиката уживаше во две ремек дела. Рабона на Аргентинецот Диего Пероти и мајсторија на Босанецот Един Џеко.
Австрија Виена и Рома одиграа возбудлив натпревар во ЛЕ кој заврши 2:4, но уште повозбудлив натпревар одиграа нивните ултраси кои направија хаос низ улиците во Виена, а полицијата не знаеше од кај да фати да брка и да апси.