Патот на Мончи до Рома во 10 фотографии

Од резервен голман кој немал пари за асален саат, Рамон Родригез Мончи стана еден од најбараните спортски директори во светот кој на Севиља и донесе 9 трофеи. За влакно не ја послуша жена му да си заминат од Севиља, одлука по која можеби немаше да биде тоа што е денеска.

По 16 години работа во Севиља, Мончи денеска и официјално стана нов спортски директор на Рома.

Ролекс

Сезоната 1992/1993 во Севиља пристигна Марадона, а Мончи тоа го навраќа на една анегдота: Тогаш играше со 20% од своите можности, но секогаш беше Марадона. „Носев Ролекс часовник, ама го купив фалш за малку пари. Му се допадна многу и отиде да ми купи друг часовник ама оригинал“.

Маестро Билардо

„Билардо е човекот кој имаше најголемо влијание во мојот фудбалски живот. Беше прецизен, професионален и внимателен до детаљ. Ништо не оставаше на случајот. Многу научив од него“.

Како голман

По Билардо, тренер на Севиља стана Арагонес со кој Мончи повеќе беше на клупа. „Во тоа време не ми беше сеедно што не играв, но тоа што седев блиску до тренерот ми помогна да го гледам фудбалот од поинаков агол. Со Арагонес научив многу работи од тактичка гледна точка“.

Повлекувањето

Се повлече од фудбал во 1999-та. „Решив да се пензионирам кога имав проблем со грбот. Чувството кога ми пееја навивачите беше фантастично и така решив да одам со клубот на подготовки. Сфатив дека тоа не беше баш добра идеја, но кога ми понудија во Севиља да бидам делегат веднаш прифатив“.

Новиот предизвик

Во сезоната 2000/2001 почна новата авантура. „Како делегат имав задача да организирам различни настани поврзани со клубот. Претседателот Роберто Алес ми даде можност да станам спортски директор, а јас го прифатив и тој предизвик. Тоа беше начин да се решат проблемите меѓу клубот и играчите кои една година претходно ми беа колеги. Почетокот беше тежок, требаше да се соочиме со второлигашки фудбал и моравме да продадеме многу играчи. Купивме 10-12 фудбалери со 20 милиони евра. Имавме малку ресурси, но имавме една работа која не ни недостасуваше, а тоа е името. Бевме мртви, но бевме Севиља.

Почетокот на новата Севиља

„Дани Алвеш беше перфектно засилување, непознат играч кој го плативме малку, а го продадовме за 35 милиони плус Фернандо Наваро“. Бразилецот беше првиот играч во реконструкцијата на силната Севиља во оној подем кој почна 2002/2003. Може да се каже дека тоа беше сезона со еден чекор погоре. Купувавме играчи на ниво, каков што тогаш беше и Хулио Баптиста.

Првиот трофеј во Европа

На 100 годишнината Севиља го доби најубавиот подарок: „Освојувањето на првиот трофеј во Купот на УЕФА е нешто што не се повторува. Начинот на кој се трудевме, начинот на кој го славевме. Нема да има пак такво нешто. Таа сезона можеше да оди и во сосема поинаква насока. „За малку не потпишав со Алмерија бидејќи жена ми имаше проблеми со депресија и моравме да се отселиме. Потоа се случи таа ноќ против Шалке. И реков на жена ми дека ако си заминевме од Севиља ќе требаше јас да се лечам од депресија“.

Адиос

Прес конференцијата на која Мончи го соопшти своето заминување. „Јас сум секогаш за Севиља, но сега ми се отвора нова порта во животот. Се надевам дека ова не е збогум, туку само чао.

Легенда

Го испратија како легенда и една од најважните фигури во историјата на клубот. Бројките кажуваат сè: 9 трофеи, 16 финалиња и профит од 300 милиони евра. Кога Рома го освои Скудетото во сезоната 2000/2001, Севиља беше во втора лига.

Иднината

„Ова е проект за паметење и едвај чекам да почнам да се ставам на располагање на навивачите, стручниот штаб и играчите во овој историски клуб. Нема да одмарам ниту секунда за да ги стигнам до целите кои ги имаме на ум. Многу сум задоволен и мотивиран и почестен сум за интересот на Рома кон мене.

25 април 2017 - 14:33