Таг: рк вардар

Ама му се сипа Чупиќ на Стефче

По серија од три трофеи во низа и вкупно пет од девет одржани изданија, ракометарите на Вардар загубија од Веспрем во финалето на СЕХА лигата. Поразот беше висок 35:27, а Иван Чупиќ незадоволен од изданието на своите колеги за што пцуеше и викаше да одат во соблекувална.

Столе - Чкембари 1:1

Македонскиот ракомет дефинитивно ќе има многу интересна сезона. Она што неколку години фалеше на домашна сцена е неколку израмнети тимови по квалитет. Доказ за тоа е и високиот пораз на Вардар од Еурофарм Пелистер кој се остри за титулата заедно со сериозно засилениот Металург.

Платите во РК Вардар 2010-2020

Не е ова информација која македонските колективи во било кој спорт имаат навика да ја споделат со јавноста и затоа ја дознаваме од Handball tv. Се знаеше дека Сергеј фино ги плаќа, барем кога ги плаќаше, што значи сумите се од прилика познати од чаршијата.

Новиот лик на РК Вардар кој се освежи со вкупно девет засилувања

Готово, Михајло Михајловски го стокми тимот за следната сезона. Денеска го доби последното засилување и заедно со осумте староседелци кои ги продолжија договорите, во Јане Сандански се очекува на есен да се појави респектабилен тим за нови предизвици.

Стартува новата ера во Вардар со променето име и нова управа

Славното трофејно поглавје со Самсоненко завршува и почнува ново со старо новиот добро познат газда, Михајло Михајловски, кој ќе бара бизнис партнери со цел двократниот шампион на Европа да остане на високо ниво.

Ракометното срце на Европа!

Многу ракометни великани со огромни финансиски средства сè уште ја немаат подигнато “ракометната рака” во ЛШ, иако имаат одлични тренери, играчи, услови, пријатели во ракометните организации итн, но го немаат македонското срце, инает, борбеност, страст, емоција.. со која ракометот е многу повеќе од спорт, а Вардар многу повеќе од клуб!

Плоштад Македонија, 2 јуни 2019-та

Се прашувавме дали е сон или јаве, дали е 2017-та или 2019-та година, бидејќи на толку финансики проблеми и заминати играчи, никој не веруваше дека може да се повтори. Но црвено црната фурија постапи дрско во Келн, а Скопје таа ноќ повторно не спиеше.

Година дена од чудото на Вардар против Барселона

Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.

Чупиќ е Вардарец, нема каде да се враќа, дома е

Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.

Компилација смеа во ракометната Лига на шампиони

Во недостиг на ракомет и полни сали, ЕХФ скоцка една компилација од најсмешните моменти досега сезонава во Лига на шампиони. Место број 1 е комичниот гол кој го прими Калифа Гедбан, голманот на Вардар на мечот против Мешков Брест.

Како Мешков Брест му го лапна Скубе на Вардар

Не дека ова се решавачките моменти да се одлучи на трансферот, ама муабетов што му го прави негов сонародник кој веќе игра за Брест е малку како да ви кажеме. Дојди тука имаш познати марки, евтина роба, како и езеро со јахти каде можеш роба да ловиш.

Црвено црната ерупција пуштена на најјако

Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Вардар поразен од Монпеље и речиси извесно го знае ривалот во 1/8 финале

Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.

Тежок гостински пораз на Вардар

Актуелниот шампион на Европа одигра натпревар со две различни лица и загуби од Порто со 8 гола разлика во претпоследното коло од ЛШ.

Вардар се крена и убедливо го прегази Мотор

И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.

Стоилов: Висат многу работи, ова може да биде еден од последните натпревари

И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.

Џинот си замина од Вардар, а по него уште двајца ракометари го напуштија бродот

Можеби звучи неочекувано, бидејќи требаше да ја одигра сезоната и на лето да се пресели во ПСЖ, но сепак е официјално. Најдобриот поединец на Вардар предвреме ги смени клупски бои. Финансиската криза си го направи своето.

Нов дебакл на Вардар во ЛШ

Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.

Најчитаното во Офсајд за 2019 (II дел)

Со големо задоволство испорачувавме текстови од светот на спортот, уверени дека со големо задоволство уживавте во нив. Така беше во текот на 2019-та, а еве кои статии беа најчитани, најкоментирани, најсподелувани и предизвикаа најголем интерес.

Најчитаното во Офсајд за 2019-та (прв дел)

На крајот од оваа година место да издвоиме што ја одбележа 2019-та на спортски план, решивме да го провериме тоа преку вашиот вкус. Односно што мнозинството кликаше во нашата спортска рубрика. Тоа што го очекувавме излезе на виделина. Доминира европскиот шампион РК Вардар.

Понеделничка мотивација со деца кои пејат за Вардар

Одлична е идејата да се учат децата на спорт уште од мали за да не закржлават, а уште подобра е кога идолите ќе им ги донесеш на час. Дечињава од основното училиште Рајко Жинзифов се тип топ спремни со денешната лекција, погледнете, сите станаа да одговараат пред Попов и компанија. 

Вардар декласиран на свој паркет од Веспрем

Трет, тежок пораз во серија за ракометарите на Вардар во Лига на шампиони, овојпат во Скопје од еден од фаворитите за титулата Веспрем, 29-38 (15-22).

Дебакл на Вардар во Белорусија

Ново лошо издание на ракометарите Вардар кои загубија и на гостувањето против Мешков Врест и со тоа си го искомплицираа патот за пласман во нокаут фазата.