Таг: рецепти

До велигденските јајца и по нив

Рецептиве за вапцање повеќе изгледаат дека се инстаграмски отколку канонски, ама па и никаде не вика дека во 5 сабајле треба да ги правиш.

Не си свесен колку добро топло чоколадо можеш да направиш

Не се вади на „нема каде да се купи“, се можеш да најдеш или во оригинал или со мала и неосетлива адаптација. И што е најважно не изгледа комплицирано, а може да ти излезе спектакл од топло чоколадо, да се гордееш сам со себе.

Што ако некои од најславните режисери беа славни готвачи

Рецепт за паста сниман од Тарантино, вафли од Мајкл Беј, палачинки од Куарон, мачмелоу од Вес Андерсон (или барем најприближно што се може до ОЦД кадрите на Андерсон).

20 оброци што Базфид вика дека се ефтини

Додека службите успеат да ја лоцираат и изведат "Софка за двајца" пред лицето на редакцијата, ние ќе забуричкаме по Базфид во потрагата по рецепти што треба периодов да ја покријат потребата од - што ново не сме јаделе.

Империјата Тејсти и нејзиниот поход на интернетот

Само во јуни видеата со рецепти и храна на Базфид под брендот Тејсти се прегледани 1,1 милијарда пати, а во одредени месеци публиката знае да префрли и над 3 милијарди прегледувања.

ИКЕА хартија за составување рецепти

По примерот кој е успешен само кај спојување на оние малите лакирани масички, ИКЕА пушти нацрт планови за составување јадења. Они ти имаат нацртано што каде треба да биде, ти само треба да поставиш. Делови сам си набавуваш.

Рецепт за претерување

Управата на еден американски медицински центар неодамна дошла до едноставна идеја: што ако на своите хирурзи им сугерираат колку аналгетици да препишуваат за секој тип на операција. Резултатите испаднале драматични

Пушти си го рецептот колку што ти е долг фрижидерот

Заебана работа е кога ќе се залауфате со некој рецепт и негде при крај ќе дознаете дека клучно за финалниот вкус е да наросите чимичури, рецуцирана маракуја со пар зрна кардамом или мало капаче ружина водичка. Ова е многу попоштено.

Топ 10 видеа на Тејсти за 2016

Ако ги немате сретнато до сега, видеата на Tasty се најлошото можно нешто што може да те спопадне на интернет. Наивно гледаш нивен клип од 18 секунди и го гасиш табот. За кратко пак го отвораш табот, чисто за да изгледаш уште еден клип. Креваш глава од монитор, минале 3 саати, прегладнет си, разочаран од животот, ти течат лиги, а знаеш дека во фрижидер имаш само тегла кисели краставички и кесичка супа од петел. Налет сè, пушташ уште еден клип.

Бордејн напиша готвач инспириран од ќерка му

Човекот кој гастрономски го прошета цел свет, од пустини, воени зони до забутани села и маалски кафани, конечно се скраси дома. Неговата нова книга е посветена на рецепти кои ги подготвува за неговата 9-годишна ќерка.

BBC ги трга рецептите од сајт

Заради потребата од финансиска диета и желбата да се врати на својот стар карактер, Би Би Си реши да го ослаби веб сајтот. Меѓу другото, од таму ќе бидат тргнати 11.000 бесплатни онлајн рецепти за храна.

Животот повторно има цел

Иако во интерни кругови се шири муабетот дека од понеделник веќе никој никогаш нема да јаде, искусните аналитичари уште од сега со голема веројатност предвидуваат дека ова ветување ќе пропадне како и 78-те слични на него кои беа дадени минатата година. А како да не пропадне кога некој треба го проба рецептов за пица-тост-вафла-сендвич.

Вкусот на дома

Истражувачко-културно-гастрономски проект изработен од Центарот за мировни студии на Хрватска, кој нè запознава со мирисот и вкусот на домашната кујна на бегалците и азилантите во оваа земја.

Наш лопов на денот

Засега непознат провалник влегол во позната пекара во Сан Франциско. Внатре имало кеш, ајпади, компјутери. Тој ги украл - рецептите.