Таг: рецепти

Готвење за деца

Перфектен рецепт за јадење за вашето дете што успева секој пат. Секој. Пат. Гаранција, сите родители што некогаш го зготвиле.

Домаќински работи од кујнска провениенција

Основни работи што секој кој влегол во кујна некако ги пропушта во својот троскок од мачкање џем на леб, во идниот Џејми Оливер. Кон целата работа треба да се пристапи со Карате кид филозофија, и да се фатиш за почетничките работи.

Човекот што го прави најдоброто парче леб со путер

За тие што го гледале "Jiro Dreams Of Sushi," дечково е како Џиро, ама за леб и путер (за другите, под итно да го гледате). Се вика Ден Ричер и по цела кариера како готвач на најразлични врвни компликувани јадења, сега се има посветено на правење леб и мачкање путер. Има цела филозофија околу работата.

Книга рецепти на семејството Толстој

По речиси 150 години, прв пат е преведен и објавен готвачот со рецепти за јадењата кои секојдневно биле служени на асталот на Толстоеви. Едно е сигурно - иако на фотографиите делува многу слаб, вегетаријанецот Лео баш фино се хранел. 

Упатство што е доволно задоцнето за да биде нерелевантно

Доцнењето е што Велигден пројде, а упатството е како да направиш тврдо варени јајца, а да не бидат како глина со вкус на сулфур. Од друга страна, тоа што заврши Велигден не значи дека во идните година дена нема да свариш јајца. Внимателно оди чекор по чекор, целата работа има многу логика и многу хемија.

Со љубов за сланината

Велигденските пости поминаа, па раат можеме да го објавиме постов за книга исклучиво посветена на рецепти со сланина. Ја ставаат и во благо.

Рецепти со грејс период за стрвење

Листа со 45 видео рецепти, на која клучен предуслов за да се појави некој рецепт е да има месо - од типот свинско или телешко, а во најлош случај барем пилешко. На листата, наслови како: Ребро над ребрата, Бургери од јагнешко месо, Свински кременадли во маринада, Мимоза Шарска плескавица... Имате 45 рецепти, таман за од понеделник да почнете нов пост, ама во спротивен правец.

И би посно

За тие што се решени и веќе ги тераат Велигденските пости, Мои рецепти склопија плеј листа од 58 посни видео рецепти кои се понапредни од леб и џем или геврек. Останатата публика треба да ги разгледа рецептиве по основа дека има еден куп добри опции за гарнир.

Како се готви во машина за садови?

Едноставно е. Подгответе ja својата омилена комбинација за туна во фолија и ставете ја во машината која обично ја користите за миење садови. Што би се рекло, чиста работа.

Рецепти од книгите на Толкин

Познат по неговиот блог Dillicious, Хит Дил сега на Кикстартер собира пари за интересен проект. „Средно печено и обратно: готвач според Толкин".

Готви како писател

Стереотипно, писателите сакаат да си пијат, ама па не бива и да не поткаснат. Освен што рецептиве им звучат доста вкусно, интересно е да се читаат и како парчиња литература. На крај од нив ни фали едно „мх-мх, како ни испадна..“.

Готвење: како не треба

Не се рецепти, туку правила, финеси што добар дел од луѓето ги имаат заборавено или никогаш не ги научиле. Од тоа зошто не треба да се истура сосот директно на шпагети, до тоа како се прави чај, пире или милкшејк.

Испечи, па речи

Финтава е, се согласуваме, добра - ставаш празна книга, ја печеш, и во неа се појавуваат цртежи и рецепти. Ама еве пофин предлог: ставаш празна тепсија во рерна, и оп! - вистинска турлитава. А?