Тотенхем - Ајакс беше најголемиот андердог пар во едно полуфинале откако се игра ЛШ. Ајакс последен пат во 1/2 финале на ЛШ играше во минатиот век, а Тотенхем пред цели 57 години назад кога Лига на шампиони се викаше Куп на европски шампиони.
Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.
Не се стига така лесно до Премиер лига. Тоа го осети на своја кожа Алиоски кој со Лидс ќе се обиде да влезе преку плејоф, а Норич и Шефилд Јунајтед се пласираа директно како први и втори на табела. Ама на прваците не им е лесно и откако се пласираа. Излегоа на парада и автобусот им откажа љубов.
Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.
Шејн Лонг од Саутемптон постави нов рекорд кога се во прашање најбрзите голови во историјата на Премиер лигата. Ватфорд ја изведе од центар, а репрезентативецот на Република Ирска го напна стоперот на пресинг и заврши работа за рекордни 7.69 секунди. Домаќините пак израмнија во 90-та минута.
Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.
Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.
Федерико Македа е лик за кој просто мора да се сними добар документарец. Дечкото стаса во Манчестер Јунајтед во 2007 година од школата на Лацио и одигра 14 средби. Во 2009-та имаше нестварно деби за клубот од „Олд Трафорд“.
Шкодран Мустафи, роден во гостиварско, неколку години игра за Германија и за Арсенал. На мечот против Њукасл во Премиер лига имаше кратка епизода „од Мустафи преку Меси до Мустафи“.
Во саботата Хадерсфилд и дефинитивно ги изгуби сите шанси за спас во Премиер лигата, откако изгуби на гостувањето кај Кристал Палас. После 2008-ма година и Дерби, ова е најбрзо испаѓање во Чемпионшип - уште во април.
Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.
Кога на кратко би требало да се раскаже историјата на Манчестер јунајтед таа би гласела: Алекс Фергусон со 38 големи трофеи во речиси 27 години, и после нешто ситно. Парадоксот е што во пари на клубот уште му е како Фергусон да е на клупа.
Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.
Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.
Лестер синоќа со 2-1 го совлада Брајтон, а за малку можеше да биде и поубедливо ако финишот на високиот и робусен стопер Хари Мегваер беше успешен како неговиот дриблинг.
На меч од англиската Премиер лига меѓу Борнмут и Вулверхемптон (1-1), во еден момент имаше смешна ситуација со прскалките. Дали автоматски се вклучиле дали некој од луѓето задолжени за теренот решил да си поигра?
Англискиот чемпионшип е најбогатиот, најнеизвесниот и најинтересниот тунир меѓу сите втори, а богами и меѓу многу први лиги во Европа. Сезонава таму будно се следат потезите на Бјелса, Лампард и другите познати лица.
По рецептот на новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба игра како препороден. Даде 8 гола на 9 натпревари и има 5 аситенции. Лебди од среќа по теренот затоа што Норвежанецот му ја најде позицијата и го пушти да игра фудбал.
Маурицио Сари денес ќе испуши сто цигари, актуелниот шампион на Англија продолжи да руши рекорди, Челси анти-рекорди, а Серхио Агуеро да твори историја. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е во катастрофална ситуација.
Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.
„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“
Саботниот меч Евертон - Вулвехремптон беше прекинат на две минути на средината од вториот дел поради тоа што на „Гудисон Парк“ истрча црна мачка која ги забавуваше гледачите. Мачката го претрча практично цел терен а на крајот редарите некако успеаа да ја пренасочат кон подтрибинскиот простор.