Во гостување на една француска телевизија, некогашниот француски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Арсенал, Абу Диаби од прва рекол:
„Ја завршувам професионалната кариера. Дојде право време. После многу години физички проблеми, тешко ми е да се вратам. Тешка одлука е, но многу размислував. После Марсеј си дадов една година да се вратам, но се изгледаше потешко отколку што мислев.“
Зад себе Абу Диаби има: 42 повреди (од Ахилова пета до потреси), вкупно 4 години надвор од терените поради повреди и срушена перспективна кариера.
Абу Диаби се збогувал со кариерата во голем клуб (од Арсенал замимна во 2015), за да почне сè од ново. Тогаш не размислувал за крај на кариера и не го обвинувал Арсенал - таму играше малку поради повреди и немаше друг кривец.
Набрзо Диаби потпиша со Марсеј како слободен играч. Но од јули 2015 до ден-денес Французинот одиграл само шест меча.
„Тој не е слабичок фудбалер. Он е жртва на убиствен клизач кој остана неказнет“, рекол Венгер во 2014-та година.
****
Мај 2006 година. Арсенал играше кај Сандерленд. Во 91’ минута „топџиите“ водеа 0:3. Диаби ја играше првата сезона во Премиер лига каде дојде како млад и перспективен фудбалер од среден ред.
Французинот во финишот од мечот скрати една топка од ривалот Ден Смит кој малоумно се залета и ѓаволски со сета сила му влезе на Абу. Во 91’ минута кога сè беше готово, Диаби болно викаше толку гласно што се слушаше до камерите:
Го однесоа на носилки во соблекувалната, тој јаукал од болки а како и не би, кога снимката покажала тешка скршеница на зглобот. Потребна била итна операција, а Арсенал не сакал да го довери Абу на локалните доктори, па четири часа се возел до Лондон со автомобил. Инјекциите ја смириле болката, но го појачале бесот кај Диаби.
„Не плачев, но бев многу бесен. Чувствував дека лизгачкиот старт беше намерен затоа што до крајот на мечот имаше уште многу малку. Ја водев топката нанапред, а тој (Смит) ми влезе од позади. Секогаш знаеш да процениш кога некој сака да ти причини болка“, раскажал Абу.
Во Лондон го оперирале, тој останал во болницата неколку часа. Потоа дошла мајка му и пријателите и малку му олеснило. Тој потсвесно знаел дека после таква повреда ќе биде тешко да му се врати на фудбалот.
„Докторите кажаа дека зглобот ми изгубил на подвижност. Може да замислите, целата тежина тогаш ми беше на таа нога.“
Пред него биле долги месеци на опоравување, а тој се вратил полека во месец март 2007-ма. До 2006 претходно никогаш н се жалел на повреди, во младинските екипи не се повредувал почесто од другите. Не бил склон на повреди.
Сигурен е дека тешката повреда на зглобот му ја расипала кариерата.
„Секако. Тоа испровоцира и други помали проблеми кои му сметаа на мојот развој. Јас секогаш водев здрав начин на живот“.
После 7 години Диаби првпат сакал да крене раце од се: во март 2013 година ги скинал лигаментите, една од најтешките повреди кај спортистите.
„Решив да прекинам и да завршам. Но после два дена помислив: „Добро, ајде сега враќај се на работа“.
****
Ден Смит како да пропаднал во земја после тој меч, за него не се слушнало ништо со години. Дури во 2015-та година разговарал со новинари од Daily Star. Настанот не го потресол баш.
„Секој пат кога Диаби ќе се повреди, ме споменуваат мене. Имал мигрена? Крив е Ден Смит! Го болело ова? Крив е Ден Смит! Мислам што ќе се случуваше со мојата кариера да не беше тој момент. Секој ден мислам. Јас ги поминав репрезентативните категориите на Англија U16, U17, U18, U19“, без трунка каење рекол Смит.
Плиткоумниот Смит го памети кобниот ден:
„Бев млада надеж. На 10-15 минути до крајот од мечот со Арсенал тренерот ме викна од клупата за резерви: „Влези и играј добро, покажи им на навивачите дека си спремен дечко. Тоа беше мое домашно деби, јас горев од желба. Диаби веќе беше гигант - 192 сантиметри висок. А јас мал раст 155 сантиметри на копачки. Кога влегов во дуел, а тој ја турна топката, просто влегов лизгачки во неговата нога. Немав никаква намера. Погледнете ја мојата статистика - никогаш не сум бил познат како груб играч. Тој момент ми ја затвори вратата во клубот во кој секогаш сакав да играм. Три меча и се отиде во ветер“, раскажал Смит.
Тој денес има 32 години. До 2014 играл за полу-аматерски британски клубови каде никогаш не го плаќале многу пари. Во 2015 се преселил во Австралија каде почнал да продава камери за набљудување. Фудбал играл само со другарите на игралиште.