„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“
Саботниот меч Евертон - Вулвехремптон беше прекинат на две минути на средината од вториот дел поради тоа што на „Гудисон Парк“ истрча црна мачка која ги забавуваше гледачите. Мачката го претрча практично цел терен а на крајот редарите некако успеаа да ја пренасочат кон подтрибинскиот простор.
Штотуку завршениот зимски преоден рок во најдобрите европски лиги не беше баш гласен и бурен. Тишината во англискиот фудбал накратко ја прекина Њукасл а добра забава приреди и Барнли со трансферот на џинот.
Се враќаш од работа, навраќаш до кладилна да се пробаш со едно 50че и потоа како ги пратиш утакмиците, така сфаќаш дека 50чето подобро да си го дал за кикирики. Миксот на фини натпревари за играње од Премиер лига и Куп на Италија заврши ужасно лошо.
Тотенхем синоќа беше на 10 минути од пораз на домашен терен против Ватфорд, но Сон Хеунг Мин и Фернандо Љоренте го свртеа мечот во 80-та и 87-ма минута. За колку толку да се намали опасноста во судиското продолжение добија од помош од детето кое собира топки. Што мангуп ќе беше, успеа и жолт картон да изнуди, па уште намигнува на крај, демек ги заебал.
Толку беше неверојатен стратег што анегдотите од неговата богата и славна тренерска кариера никогаш нема да имаат крај. Поради него на противниците им се треселе нозе на „Олд Трафорд“ кога судијата ќе покажел колку дава продолжение.
Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.
Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.
Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.
Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.
Кристал Палас го направи сезонава можеби најголемото изненадување во Премиер лигата откако со 2-3 го совлада Сити на гости и му ја прекина серијата од 18 победи по ред дома. Вториот гол за Палас го даде Андрос Таусент. Страшен погодок:
Во текот на мечот Челси - Нотингем Форест од ФА Купот, целиот „Стемфорд Бриџ“ сфати дека овој натпревар ќе биде последен за Сеск Фабрегас не само за Челси туку и воопшто во Англија.
Минатото лето стана најскапо платениот голман во историјата на фудбалот откако Челси за него на Атлетик Билбао му плати астрономски 80 милиони евра. Кепа Аризабалага е стандарден на голот, веќе се навикна на англискиот фудбал а најголема предност му се одличните додавања до соиграчите.
Се вика Мозес Али познат и како генерал Мозес. Потпретседател е на Уганда. Го викнале еднаш на националниот стадион „Намбуле“ да го отвори државното фудбалско првенство на Уганда со почетен удар.
Го немаше во составот ниту во првото коло, ниту во второто, ниту во третото и четвртото. Заигра дури во петтото и даде убав гол против Фулам. Од тогаш до синоќа демонстрира страшна форма со многу голови и асистенции.
По многумина мечот беше за титулата иако има да се играат повеќе од 15 кола до крајот од Премиер лигата. Исто мислел и Пеп Гвардиола кој на крајот призна дека ако изгубеле, најверојатно ќе се простеле од шампионскиот пехар.
Иако беше најдобар на теренот за својот тим кој изгуби 0-2 од Јунајтед, малку фалеше Џонџо Шелви да добие директен црвен картон и не е јасно како судијата не го виде ова?
Во редовната емисија на Скај Спорт каде работи како стручен коментатор, синоќа на „Сент Џејмс парк“ стадионот во Њукасл, Гери Невил го збуни еден навивач на домашните.
Ако некогаш детето со своето однесување требаше да заслужи да излезе на терен со познатите фудбалери, сега е доволно само да има богати родители кои ќе му платат за тоа, без разлика дали било мирно или немирно во школо и на тренинг.
На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.
Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.