Црна мачка шеташе на сред терен на мечот Евертон - Вулверхемптон

Саботниот меч Евертон - Вулвехремптон беше прекинат на две минути на средината од вториот дел поради тоа што на „Гудисон Парк“ истрча црна мачка која ги забавуваше гледачите. Мачката го претрча практично цел терен а на крајот редарите некако успеаа да ја пренасочат кон подтрибинскиот простор.

„Во Португалија од каде што доаѓам, се верува дека црната мачка носи несреќа, па затоа никогаш не сум сакал да ја видам“, изјави тренерот на Вулверхемптон Нуно Ешпирито Санто чија екипа на крајот победи со 1:3.

На неделниот меч Лестер - Манчестер Јунајтед на теренот се појави голуб, но играчите не го забележаа и го продолжија мечот:

 

3 февруари 2019 - 20:09