Како Гвардиола психолошки ги спремал играчите: „Ќе гледате голф, не Ливерпул“

Додека биле во базата и на натпреварите биле максимално фокусирани. А излегле од тренинг центарот, не сакал збор да слушне за тоа што направил Ливерпул, не сакал да гледаат пренос, ни да зборуваат за фудбал.

Дента кога во Премиер лигата се играше историското последно коло и пехарот одново го освои Манчестер Сити, The New York Times објави прекрасен инсајдерски текст на репортерот Рори Смит кој работи од Англија.

Репортерот Рори анонимно муабетел со играчите и тренерите на Ливерпул и Манчестер Сити, со цел да дознае како е тоа неколку месеци по ред да живееш со сознание дека секоја најмала грешка може да ти биде недопстлива во борбата за титулата.

Сити во таков стрес ги помина февруари, март, април и скоро половина мај. Во тоа време „граѓаните“ забележеаа неверојатни 14 победи по ред во Премиер лига!

Во сето тоа зимско-пролетно време, екипата на Гвардиола го отстапи првото место само на 83 секунди и тоа во последното коло кога се решаваше вредната титула. Примија гол, но Серхио Агуеро се погрижи да биде се во ред. А понатаму сè знаете.

Најјако од целиот текст е:

- На 29 јануари Пеп Гвардиола престанал да верува во титулата на Сити. Екипата изгуби 2:1 од Њукасл, играла бавно, без воља и беше на 4 бода зад Ливерпул.

Следниот ден екипата на Јирген Клоп играше со Лестер и според Рори Смит, Пеп бил апсолутно уверен дека главниот ривал нема да згреши и ќе отиде на +10 бода. „Црвените“ одиграа нерешено и разликата беше 5 бода.

„Да се освои шампионската титула ќе биде тешко. Имаме шанси, но мора да победиме на сите свои натпревари. Немаме предност, но тераме понатаму“, зборуваше Гвардиола на прес-конференција. После ваквите негови зборови, Сити стварно победуваше секаде.

Кога Ливерпул играл со Лестер, тој не ја гледал средбата. Наместо тоа отишол во театарот во Манчестер каде се давал мјузиклот „Момците од Џерси“.

Како што знаете, следниот ден Ливерпул не можеше да се справи со Лестер (1:1) и тимот на Клоп влезе во црна серија: во шест кола од крајот на јануари до почетокот на март, бандата од Енфилд четири пати губеше бодови, играше нерешено и го успори патот кон шампионската титула. Тоа го чекаше Сити од сенка.

Во сето тоа време Гвардиола на своите играчи им всадил во глава проста теза: на тренинзи и натпревари ќе бидеме убиствено концентрирани, максимално фокусирани, но само што излеме од базата, забораваме на фудбал.

Тоа што отишол во театар намерно да се нервира пред телевизор за време на дуелот на Ливерпул бил прав пример на однесување.

Пеп Гвардиола со трупата на The Royal Exchange Theatre

****

Играчите го послушале во целост. Кога на 14 април Сити победи со Кристал Палас, ниту еден фудбалер во автобусот не пуштил пренос од мечот Ливерпул - Челси (2:0) кој само што почнал.

Мнозинството го гледале најголемиот момент во кариерата на Тајгер Вудс: Американскиот голфер го освои првиот Мастерс турнир за 14 години (Пеп обожава голф и минатата година поради голф го пропуштил мечот Јунајтед - Вест Бромвич после кој Сити стана официјално шампион). А Илкај Ѓундоган на пример вртел турски канали и го гледал дербито Галатасарај - Фенербаче.

Гвардиола успеал во намерата: мониторингот на натпреварите на Ливерпул да не бидат оптоварување за неговите играчи. Како што пишува New York Times, Гвардиола секогаш по цели ноќи ги гледа дуелите на противниците, но во последните три меча ја сменил навиката: негова клучна теза била не очекувајте Ливерпул да изгуби, не очекувајте некој друг да ви ја заврши работата.

Иако биле во искушение, ретко кој го гледал Ливерпул. Некои фудбалери на Сити признале дека пуштале пренос само кога другарите им пишувале дека на Ливерпул му оди тешко и дека може да изгубат бодови.

Исто било и на „Енфилд“. Играчите се труделе да не го гледаат Сити. На 14 април не го гледале мечот на „граѓаните“ против Кристал Палас, туку исто гледале голф на што инсистирале љубителите на оваа игра Џејмс Милнер и Ендрју Робертсон.

Но како во случајот на Сити, така и фудбалерите на Ливерпул не можеле тотално да бидат вон случувањата. Затоа во понеделникот сите го гледале мечот Сити - Лестер кога Венсан Компани на 20 минути до крај од 30 метри распали една бомба после што во заедничкиот чат на фудбалерите на Ливерпул се појавило емоџи кое се чуди.