Новиот член на Фенербахче вечерва во Задар со 11 поени учествуваше во победата на турскиот тим од 88:66 над Црвена звезда, а претходно пред хрватските новинари зборуваше за престојот во САД.
По Перо Антиќ во кошаркарската, најверојатно и Робин Ван Перси ќе потпише со фудбалската секција на Фенербахче. На прашањето зошто еден фудбалер од таков калибар не игра во ТОП5 европските клубови, одговорот го гледаме во предсезонскиот камп на турскиот клуб.
Антиќ и Фенербахче паднаа во најтешката од четирите групи во Евролигата, а нашиот кошаркар ќе се врати меѓу навивачите кои сакаат кај нив да ја заврши кариерата.
Откако успешно ги мина медицинските прегледи кои покажале дека е во одлична форма, Перо Антиќ се потпиша на договорот според кој 2 години ќе игра за Фенербахче.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Својата втора сезона во НБА Перо ќе ја памети по тоа што играше за вториот најдобар тим во лигата кој во регуларниот дел од сезоната имаше 60 победи и 22 порази, како и по тоа што стигнаа до финалето на Источната конференција. Антиќ на Оклахома им збрца рекордни 22 поени.
Откако медиумите објавија дека Перо Антиќ се враќа во Европа и потпишува за Фенербахче, веста на својот профил на Твитер ја потврди и неговиот менаџер.
Кошаркарите на Црвена звезда ја прекинаа доминацијата на вечниот ривал Партизан кој 13 години по ред беше шампион. Навивачите и играчите на црвено-белите знаеа како да ѝ се израдуваат на титулата на Калемегдан во Белград.
Селекторот Александар Џикиќ денес и официјално го објави поширокиот список на кошаркари на кои смета за натпреварите од ЕП против Хрватска, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.
По финалната серија од плејофот во Грција, каде дојде да ја прослави титулата на Олимпијакос, Перо Антиќ вечерва славеше и во Белград, каде Црвена Звезда го совлада Партизан 58:54 во финалето од плејофот.
Втор пат во претходните 17 години Панатинаикос остана без титула во кошаркарското првенство на Грција, а Олимпијакос е новиот шампион. И Перо Антиќ во живо беше на прославата.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
Кавси не оставија сомнеж кој е најдобриот тим на Истокот, откако синоќа со 118-88 ја прегазија Атланта во Квикен Лоанс Арената и обезбедија пласман во големото финале.
Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.
Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс одат во конференциските финалња. Во натпреварот број 6, Воините го совладаа Мемфис, а ќе се памети шутот на Стеф Кари.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс се на чекор од пласман во конференциското финале, откако синоќа повторно ги победија Мемфис Гризлис односно Вашингтон Визардс.
Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.
Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.
Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.
Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.