Таг: нико розберг

Триумфално отворање на Луис Хамилтон

Британскиот пилот и актуелен шампион во Ф1, Луис Хамилтон во голем стил стигна до победата на трката за Големата награда на Австралија. Одлично деби за Наср, но не и за најмладиот пилот во историјата, Макс Ферстапен.

Стартува патувачкиот циркус на Формула 1

Новата сезона во Ф1 носи многу нови промени затоа што за прв пат во историјата, болиди во елитниот шампионат ќе возат дури тројца дебитанти, од кои еден малолетен. Најголеми шанси за титулата според букмејкерите им се даваат на Луис Хамилтон и Нико Розберг.

Феноменот Луис Хамилтон и сите негови бројки

Со две светски титули во рака, славниот возач на Мерцедес што ветува многу годинава, денес слави 30 години.

Хамилтон е новиот светски шампион во Ф1

Последната трка за ГН на Абу Даби заврши без изненадувања, така што Луис Хамилтон по втор пат во својата кариера стана планетарен првак во Ф1.

Хамилтон, Розберг и сите комбинации за титулата

Со победата во Бразил, Германецот дојде на 17 бодови зад Луис Хамилтон пред последната трка која што се вози во Абу Даби. Годинава бодувањето на последната патека ќе биде поразлично од претходните сезони, по што Розберг има шанси да ја освои титулата.

Розберг го освои Бразил пред големото финале

Возачот на Мерцедес триумфираше на патеката Интерлагос и така ја сочува надежта дека може до титулата пред последната трка од сезоната. Луис Хамилтон втор, Фелипе Маса трет.

Хамилтон на чекор од титулата по славјето во Остин

Нова победа, 5-та по ред за британскиот пилот, овој пат на трката за ГН на САД, по што Луис Хамилтон веќе во Бразил би можел да го крене шампионскиот пехар. Нико Розберг втор, Даниел Рикардо од Ред Бул трет со 25 секунди послабо време од водечката двојка.

Хамилтон и Мерцедес ја потврдија доминацијата во Русија

Луис Хамилтон е победник на денешната трка за Големата Награда на Русија по што Мерцедес за прв пат во историјата ја освои титулата во категоријата конструктори. Со 1-2 триумфот,  Британецот е уште поблизу до титулата во Ф1.

Ф1: Патувачкиот циркус на полусезона

Пред трката во Хунгароринг, аналитичарите на Ф1 дошле до податок кој вели дека во изминативе 10 години оној кој победува на трката за ГН на Унгарија никогаш не бил шампион на крајот.

Доминација на Розберг во Хокенхајм, Хамилтон извонреден

Германецот Нико Розберг за првпат во својата кариера победи на домашно тло. Ботас втор, а Хамилтон стигна до подиумот на неверојатен начин.

Розберг повторно најбрз во Монако

Германецот му ја прекина серијата на својот клупски колега Луис Хамилтон кој триумфираше на сите четири трки во новата сезона од Формула 1 шампионатот, но сепак доминацијата на Мерцедес продолжи.

Селфи возење со Розберг

Mercedes-Benz W196 е болидот кој се возеше во Формула 1 пред 60 години. Германскиот возач, Нико Розберг сврти еден круг со една рака, а со другата успеа да се сними.

Иднината на Ф1 преносите

Свртете два круга со Нико Розберг на патеката во Силверстоун за вистински да ја почуствувате брзината на Формула 1 болидите со помош на новата камера која снима 360 степени.

Триумф на Розберг на стартот од сезоната во Ф1

Германецот Нико Розберг од Мерцедес ја освои првата трка од новата сезона во Формула 1, а Себастијан Фетел и Луис Хамилтон се откажаа уште на стартот.

Се бара украдената кацига на Нико Розберг

Возачот на Мерцедес е во потргата по својата кацига која непознат лопов ја украл од гаражата каде е сместен неговиот болид.

Розберг триумфираше на хаотичната трка во Британија

Германецот Нико Розберг од Мерцедес го оствари вториот триумф на осмата трка во Формула 1 шампионатот оваа сезона откако најдобро ги искористи проблемите на Хамилтон и Фетел.

Розберг триумфираше во Монако

30 години по победата на Кеке Розберг во Монако, на истото место триумфираше и неговиот син Нико кој има израснато на улиците во Монте Карло. Зад победникот се пласираа Фетел, Вебер и Хамилтон.