
Возачот на Мерцедес стигна до 34. подиум сèвкупно од минатата сезона. Второто место му припадна на Нико Розберг, додека трет заврши Себастијан Фетел во своето деби за Ферари.
Трката во Австралија ја обележаа многу проблеми со пневматиците на речиси сите останати тимови. Хамилтон успеа да го задржи водството во текот на целата трка и сите 58 кругови беше прв. Германецот и тимски колега на Хамилтон, Нико Розберг за второто место возеше практично сам, додека Фетел до третата позиција дојде после голема борба со Фелипе Маса од Вилијамс.
За одбележување е и слабата трка за најмладиот дебитант во историјата на Ф1, Макс Ферстапен кој мораше предвреме да ја заврши трката, но не поради своја вина. Следната трка на Ф1 продолжува на 29. март со трката за Големата награда на Малезија.