Хамилтон е новиот светски шампион во Ф1

Последната трка за ГН на Абу Даби заврши без изненадувања, така што Луис Хамилтон по втор пат во својата кариера стана планетарен првак во Ф1.

Тимскиот колега на Хамилтон, Нико Розберг имаше најдобра стартна позиција и шанса со евентуален триумф во Абу Даби да го престигне Хамилтон, меѓутоа за време на трката се соочи со големи проблеми на болидот и на крајот заврши како 14-ти.

Втор беше Фелипе Маса, а трет младиот Финец Валтери Ботас. Британецот заслужено ја освои шампионската круна, втора по онаа во 2008. година, затоа што годинава на 20 трки дури 11 пати се качуваше на победничкиот подиум. Со денешната победа, Хамилтон ја зголеми и бодовната разлика и на крајот собра 384 поени, додека Нико Розберг имаше 317. Британскиот принц Хари беше првиот што му честиташе на пилотот на Мекларен.

„Ти благодарам многу Луис што не ги изневери Британците. Секоја чест, ти си легенда", изјави принцот Хари.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН НА ПИЛОТИТЕ:

Луис Хамилтон (Мерцедес) 384 поени, Нико Розберг (Мерцедес) 317, Даниел Рикардо (Ред Бул) 238, Валтери Ботас (Вилијамс) 186, Себастијан Фетел (Ред Бул) 238, Фернандо Алонсо (Ферари) 161, Фелипе Маса (Вилијамс) 134, Џенсон Батон (Мекларен) 126, Нико Хулкенберг (Форс Индија) 96, Серхио Перез (Форс Индија) 59, Кевин Магнусен (Мекларен) 55, Кими Раиконен (Ферари) 55, Жан Ерик Верње (Торо Росо) 22, Роман Грожан (Лотус) 8, Данил Квјат (Торо Росо) 8, Пастор Малдонадо (Лотус) 2, Жил Бјанки (Марусија) 2.

23 ноември 2014 - 17:15