Таг: наполи

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Тренерот на Челси до 40 години работел во банка па напуштил за Серија Д

„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.

Италијанско ќе биде убаво за гледање од многу причини

Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.

За малку ќе станел наставник по физичко, викале мал е за фудбал, а сега игра полуфинале

Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.

Јувентус Битола Балкан има да ви каже нешто

Секоја чест за гостинската победа на Наполи против Јуве во 90-та и за јуначкиот пресврт на Интер против Лацио вреден ЛШ, ама Битолчани стварно имаат добра поента.

„Везув посипи ги со оган“

Најгрдиот и најдискриминирачки извик кој може да се чуе на трибините во Италија за Наполитанците гласи: "o Vesuvio Lavali col fuoco". Такво нешто вчера извикуваа навивачите на Сампдорија, а во обид да ги спречи се појави и претседателот на клубот Масимо Фереро, но и тој си доби среден прст.

Наполи ги објави сите судиски грешки во корист на Јувентус сезонава

Јувентус ги стави рацете на пехарот за рекордното седмо скудето по ред и чека само и официјално да биде прогласен за шампион. Од најголемиот конкурент во Неапол вчера прикажаа зошто се бесни на судиите.

Чудото кое треба да го направи Наполи за Скудетото е невозможно

Јувентус не е официјално шампион на Италија, ама според сценариото кое треба да се случи за да не биде, може да почне да слави. Наполитанците џабе го превртија градот наопаку откако славеа на Алијанц.

Во Неапол се продава статуетка од Кулибали

Наполитанците уво не ги боли што денес и утре ќе има Лига на шампиони. Тие веќе два дена уживаат во моментот што успеаа на гости да го тепаат Јуве и да му се приближат на -1. Од херојот кој скокна во 90-та минута веќе може да се купи и статуетка. Инаку на социјалните мрежи е доста забавно после големата победа.

Статистичкиот податок кој “го уби“ Јуве

Веројатно најслабиот меч на сезоната, а можеби и во последниве години Јувентус го одигра против Наполи пред своја публика. Статистиката го извади најлошиот податок за актуелниот првак на Италија до сега невиден на нивниот нов стадион.

Неапол е во транс, 20.000 навивачи го блокираа аеродромот

Секој што ќе ги погледне сцениве ќе помисли дека синоќа се славела титула во италијанското првенство, а тоа беше само победа против Јуве со која сè уште ништо не е решено. Нема поголеми фанатици за фудбал од Наполитанциве.

Што се случуваше во Неапол по триумфот над Јуве?

Градот под Везув и натаму го живее сонот наречен скудето. Го победија Јувентус со гол во 90’ минута и му се приближија на само еден бод на четири кола до крајот.

Зошто Неаполитанците ставаа слики од магариња во базата на Јуве

Суеверниот Југ верува дека може да им се повтори ксметот од 1930-та година со амајлијата.

Никој не го освоил Скудетото кога бил на -6 на 6 кола до крај

Откако Баерн, Сити и ПСЖ ја освоија титулата, а прашање на време е само кога ќе го стори тоа и Барса, единствената каква таква неизвесност остана во Серија А. Како стојат работите Наполитанците имаат речиси невозможна мисија.

Чудесната одбрана на Донарума во 92-ра минута

Аркадиуш Милик ги имаше трите гостински бодови во раце на гостувањето на Сан Сиро, ама кога на голот на Милан стои 19 годишниот Донарума сè е подруго. Како ли му ја фати од толку блиску, па ова може да е крај за надежите на Наполи за титула, бидејќи Јуве им избега на +6.

Како се бркаа(т) Јуве и Наполи на табела

Главниот конкурент во борбата за титулата на Јуве изминативе неколку сезони му е Наполи кој никако да го направи тој исчекор за да го зграпчи толку посакуваното Скудето уште од времето на Марадона. Како да подзагубија чекор и овој пат.

Тој изгорен за Наполи, тие со торта на Јуве

Прво малиот е многу мал за да го ребрачите вака. Второ Наполи неколку години по ред се поти да ја прекине доминацијата на Јуве. Трето сезонава е или беше најблиску до тоа. И четврто требаше да ви ја плесне во фаца.

Како Јуве им направи ’кој последен се смее’ на Неаполитанците

Цел „Сан Паоло“ во Неапол се спремаше за дербито со Рома и славеше реми на Јуве против Лацио. Сите мислеа дека е готово ама не и Дибала кој му донесе триумф на Јувентус во 93’ минута и ги стиши Неаполитанците.

Како Мертенс со пица ги изненадил бездомниците на студ

Неапол виде снег после неколку години, а голем број бездомници и болни деца во овој град биле изненадени кога најомилениот фудбалер на Наполи дошол да ги посети.

Перфектниот гол на Наполи во кои учестуваа сите 11

Наполитанците оваа сезона се многу опасни и зрели за титула, а синоќа го торпедираа Каљари на гости со 5 парчиња и му избегаа на Јуве кој има натпревар помалку, на -4. На третиот гол покажаа какво екипиште се. Пред Хамшик да постигне погодок сите играчи со се голманот ја допреа топката вкупно 17 пати за време од 50 секунди.

По пеколот низ кој помина, стариот добар Кваљарела игра животна сезона

Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.

Како Наполи ги казнува тие што ќе загубат на тренинг

Лидерот од Серија А на балкански начин го билда духот во тимот. Кој губи прво се фрла ласта во вода и второ може да јаде топка во глава.

Второто место на Јувентус е за Скудето

Во историјата на Серија А ниту еден тим не се наоѓал на втора позиција на табела после 23 кола со број на бодови каков што во моментов има Јувентус. Проблемот се вика Наполи.

Баталете ги другите лиги, само во Серија А е неизвесно

На три и кусур месеци до крајот на сезоната во националните првенства, веќе ги имаме имињата на четирите шампиони од можни пет првенства кои ги следиме деноноќно. Да бидеме реални, никој не ги стига Баерн, Сити, Барса и ПСЖ. Мелат.