Таг: наполи

Сабајле продавал на пазар, попладне одел на тренинг

Го одбивале каде и да одел да тренира фудбал затоа што бил премногу ситен и мал, но секогаш го демонстирал својот карактер и решил да оди до крајот. Сега го сонува скудетото со градот кој го смета за свој син.

Најштосното додавање во ЛШ

Го знаете ли левиот бек на Наполи, Марио Руи Силва Дуарте? Ако вие не го знаете, од синоќа најдобро го знае Бутко од Шахтјор кој уште ја бара топката на Сан Паоло.

Наполитанците се зрели за титула, пазете им ја играва

Чекаат титула скоро три децении од времето на Марадона, а вложија многу пари и донесоа врвни играчи изминативе неколку сезони. Внимавајте на играта на Наполи против Милан, како ги работат уште на своја половина со брза пас игра, а потоа прават одлична транзиција во напад. Имаат 11 победи, 2 нерешни и ниту еден пораз и се први на табела. Со ваква игра, сигурно ќе гризат за Скудетото до крај.

И со помош на ВАР човек не може да биде раат

Ако до ланската сезона, спортската јавност во Италија жестоко ги критикуваше судиите кога носат сомнителни одлуки, сега веројатно ќе почнат да ги критикуваат и кога ќе се служат со новата технологија бидејќи и таа не е совршена. Еден гол од средбата Наполи - Милан буди голем сомнеж.

Она кога даваш гол од пенал ама ти се брза во тоалет

Среќа па на „Сан Паоло“ во Неапол подтрибинскиот простор има скалички одма до теренот па Словакот не мораше да трча цел круг.

Интер убедливо најгледан после 11 кола

По 11 кола во Серија А, Интер е екипата која донела најмногу гледачи на стадионите: во просек по 58.360 гледачи, пред Милан и Наполи.

Фудбалерите на Манчестер Сити во Неапол ќе спијат како кралеви

Ги гледате сликиве и не ви е јасно дали Манчестер Сити оди на одмор на Хаваи или на гостување во Лига на шампиони. Наполитанците не можеле да им изберат попервезен хотел, кој инаку е со поглед на вулканот везув. Резервирани се два спрата со вкупно 100 соби, еден спрат за Гвардиола и стручниот штаб и уште еден само за играчите. Инаку ќе доаѓаат гости и од Обединети Арапски Емирати. Клубот доаѓа со сопствени готвачи. Нема потреба од други детали. Фрлете око на луксузов.

Како Наполитанците урлаа за промашениот пенал на Дибала во 95-та

Младиот албански голман, Томас Стракоша во неделата не беше херој само за навивачите на Лацио. Пазете што се случуваше во Неапол, каде живеат најоткачените навивачи од Италија. Неочекуваната победа на Лацио на гости против Јуве на Наполи му донесе 5 бода предност пред актуелниот шампион во Италија.

Вреди ли Де Брујне колку стартните 11 на Наполи?

Можеби изгледа чудно и нелогично, ама такво време дојде денеска во фудбалот, еден играч на лидерот во Премиер лигата да биде купен за истите пари со кои е составена екипата која во моментов гази во Италија.

Наполитанска работа

Фантастичното офанзивно трио на Наполи синоќа маестрално си ја одработи работата а головите ги посветуваа на тешко повредениот и опериран колега од нападот. Само настана мала забуна.

Хамшик работи како редар на стадионот Олимпико

За време на дербито Лацио - Наполи (1-4), гостите од Неапол имаа што да видат кога влегоа во нивниот сектор. Не знаеа што прави нивниот капитен со маркер како редар на трибините наместо на теренот.

Старт на големите екипи од Серија А кој не се случил 32 години

За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.

Двата најубави поништени гола во историјата

Едниот го дал Кевин Киген во 1981 година како играч на Саутемптон против Манчестер Јунајтед кога линискиот судија сметал дека Дејвид Армстронг претходно бил во офсајд. Вториот го даде Уругваецот Кавани на пријателската Барселона - Наполи при резултат 0-0 кога наводно Хамшик беше во офсајд. Кој од кој поубав.

Марек Хамшик - 10 години љубов, верност, посветеност

На денешен ден во 2007-ма, пред точно 10 години Словакот стана нов играч на Наполи. Многу сакал и на крајот го довел поранешниот спортски директор Пјерпаоло Марино кој го зема од Бреша.

Најлудиот гол на Марадона за Наполи

Против Лацио на „Сан Паоло“ во Неапол. Сезона 1984/1985.

Гол на сезоната во мал фудбал

Во меч од италијанската футсал лига, играчот на Наполи Тиаго Амарчанде (19) постигна гол против Пескара што долго ќе се памети.

Денот кога Наполитанците го превртија градот наопаку

Во Италија навивачите може да се поделат на италијански навивачи и италијански навивачи од Неапол. Овие вториве кога слават титула има и голем број на повредени. Нивната страст за фудбал нема граници, особено кога се работи за нивниот Бог – Диего Армандо Марадона.

Наполитанска тики - така на своја половина

Наполи викендов имаше тренинг против Каљари кој го доби со 3:0, а на моменти лесните шева тренинзи им се одвиваа на своја половина кога му правеа на противникот „Где је лопта“?

Марек Хамшик не пропуштил натпревар цели две години

Капитенот на Наполи е единствениот фудбалер во Серија А којшто ги одиграл сите натпревари од минатата сезона и од актуелната. Во Англија таков е ученикот на Сер Алекс Фергусон, а во Шпанија Баскиец од Еибар.

Како 169см високиот Мертенс стана врвен шпиц

Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.

Крикот на Наполитанците кој се слушна во цел град

Навивачите на Наполи се “болни“ за фудбал и ако се случеше да го урнат Европскиот фудбал ќе го превртеа градот наопаку. Без разлика дали ги сакате или не, пуштете ги звучките троа посилно и слушнете ја химната на ЛШ, а особено онаа ерупција од Сан Паоло на вчерашното четвртфинале. Да се наежи човек.

Наполи и Арсенал се недораснати за четвртфинале

Топџиите со вкупни 2:10 и Наполитанците со 2:6 се збогуваат од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Реал Мадрид покажаа светска класа и во топ 8 од најелитното клупско европско натпреварување одат со нови победи и тоа идентични од првите средби.

Феноменалниот Реина во 93-та минута

На првиот меч од 27. коло од Серија А на навивачите на Олимпико во Рим им застана здивот од 93-та минута откако Рома испушти златна прилика за 2:2. Во тоа ги спречи одличниот Реина кој на топка со сменет правец реагираше маестрално. Со оваа победа Наполи се доближи на два бода до второпласираната Рома.