Не дека вечерва тепавме па има повод за славење, ама сепак убава е оваа атмосфера која веќе некое време ја гајат овие момци. Играта, хемијата во тимот и позитивните резултати, македонската фудбалска репрезентација од Лига на Нации ги продолжува и во редовните квалификации за ЕП 2020.
По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.
Македонската фудбалска репрезентација има голема поддршка на вториот квалификациски меч на гости во Словенија. Меѓу македонските навивачи во Љубљана како засилување пристигнаа и околу 50 ептен расположени Македонци од Италија.
По триумфот над Летонија од 3:1, грмеше соблекувалната на македонската фудбалска репрезентација, а меѓу бандата на Мрме беше и малиот Јане кој ги диригираше скандирањата. Убава вечер со голем јубилеј на Пандев и мајсторски лоб на Елмас.
Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.
Само 11 минути и беа доволни на мотивираната Македонија да го отвори резултатот на првиот квалификациски меч за ЕП 2020 против Летонија. Капитенот повлече контра и по лево му сервираше топка на Алиоски кој кроз мишки му ја протна на голманот.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и официјално вечерва станува втор фудбалер во историјата со 100 настапи за Македонија. По тој повод претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски му подарија специјален дрес, златна плакета и сребрен медал за заслуги за развојот на македонскиот фудбал.
Со вечерашниот прв противник во квалификациите за ЕП 2020, не сме се паднале до сега во ниту една квалификациска група. Историјата бележи само една меѓусебна пресметка, онаа кога на пријателски меч дебитираше како селектор Бошко Ѓуровски.
Во пресрет на утрешниот прв меч во квалификациите за ЕП 2020, Горан Пандев ќе стигне до голем јубилеј од 100 репрезентативни настапи. Повод да одговори на прашањето, кои голови му се најдраги за својата земја.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Светската куќа на фудбалот ја објави првата ранг листа за 2019-та на која евидентни промени има само кај земјите кои учествуваат во Азискиот Куп на нации.
Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
И покрај двете победи по ред во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција на рангот на ФИФА која ја држи веќе три месеци.
Познатиот сајт за статистика „WhoScored“ го објави најдобриот тим од Лигата на Нации, поточно од лигата каде учествуваше Македонија и тотално ја утнале.
Селекцијата на Косово е нашиот противник во полуфиналето од плејофот за пласман на Еврошампионатот, ама додека да дојде денот кога треба да играат ќе заборавиме за што играат. Можевте и во 2030-та да ја закажете, што фали?
Море не да имало. По освојувањето на првата позиција во групата 4, доста фино се опари и ФФМ, ама и репрезентативците кои ќе поделат по неколку илјади евра од самото ФФМ.
Со оглед на тоа што македонските љубители на фудбалот тотално потфрлија во давањето поддршка на Македонија во овој циклус кој може да им донесе историја на нашите фудбалери, највисоката оценка за тоа оди кај ученици од Струмица.
Столе Димитриевски синоќа можеше комотно да се смести и да пополни место на празните трибините, бидејќи Македонија си имаше работа со тотален фудбалски аутсајдер против кој 90 минути играше викторија. Добро им досудија еден офсајд, значи поминале половина.
Со 5 победи и 1 пораз, македонската фудбалска репрезентациа успешно ја мина групната фаза во натпреварувањето кое ни дава најголеми шанси за пласман на ЕП 2020. Момците на Мрме заслужено го славеа плејофот во соблекувална, а диригент им беше Гого Јовчев. Го поздравија и капитенот.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ја заврши групната фаза од Лига на нации, откако вечерва го совлада Гибралтар 4-0 во Скопје и спремно ги чека противниците во плејофот.
Дваесет и седум минути им требаа на македонските фудбалери да го скршат отпорот на тоталниот аутсајдер Гибралтар. Резултатот го отвори 23-годишниот фудбалер на Леванте, Енес Барди со прекрасен гол.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва има задача само да ги победи аматерите од Гибралтар кои ги совладаа на првиот меч од Лига на Нации, а потоа ќе го чекаат противникот во плејофот за ЕП 2020 во Скопје. Во опција се три селекции.