Долгоочекуваниот историски меч на македонската фудбалска репрезентација кој беше распродаден за три дена е преместен за 4 јуни.
Истиот ден ќе се игра и другото полуфинале меѓу Белорусија и Грузија со кое вкрстуваме, а финалето е закажано за 9-ти јуни.
Како е веќе познато ЕП 2020, УЕФА го премести за следното лето 11 јуни – 11 јули, а одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската куќа на фудбалот на видеоконференциски состаноци со претседателите и генералните секретари на 55. земји членки, како и претставниците на Европската Клупска Асоцијација, Европските Лиги и ФИФПро Европа, оддржани од страна на претседателот на УЕФА, Александер Чефери.
Одложувањето на Европското првенство, значи дека во месец јуни би требало да се доиграат националните првенства, како и ЛШ и ЛЕ за кои финалињата ги закажаа за 27-ми и 24-ти јуни.
УЕФА сака да им порача на оние кои веќе имаат купено билети и ВИП пакети дека доколку не можат да присуствуваат на турнирот во 2021 година, вредноста на нивните билети и пакети ќе биде комплетно рефундирана.
Во текот на следниот месец ќе се објават повеќе информации за процесот на рефундирање преку електронските адреси на купувачите на билети.
Инаку ФФМ билетите за Македонија - Косово ги пушти на 3-ти и ги продаде сите до 6-ти март. што значи повеќе од исвесно е дека Градски на 4 јуни ќе крца, се разбира доколку се стиши проклетата корона.